ајде луѓе ова некој да ми го објасни...со татко ми работевме кај еден човек и радивце имаше едно дрндаше некоја музика...и сега кога ке поминеш пред него се менуваше станицата, се пушташе некоја шиптарска станица, пак помини пред него пак ке се вратеше старата станица и цело време така се мењаше...за на која фреквенција работеше радиото појма немам дека скалата не беше баш нај добра....
Оваа појава се вика : Лоша изработка на радиото и меѓусебна индуктивност.
Ајде малку теорија и математика (оти гледам на форумот никој не го прави тоа, а без теорија и математика ништо од електроника).
Индуктивноста претставува однос меѓу флуксот што протекува од некој проводник и струјата низ тој проводник. Значи тоа е физичка способност некој проводник (или коло) да се однесуваат на некој начин во однос на сопствено-креираниот флукс и сопствената струја.
L = Ф / I
Постои закон во електромагнетиката, дека кога 2 контури или кола се во непосредна близина, и во нив течат струи со простопериодично-променливи величини (значи ги означуваме како i(t) - струја i во функција од времето t), тие создаваат меѓусебна индуктивност која што гласи, Меѓусебната индуктивност е односот на флуксот создаден од едната контура врз другата и струката на првата контура, или пак :
L12 = Ф12 / I1
Ф12 претставува флукост од првата контура што поминува низ втората.
За да се пресмета флукс треба малку повеќе мозгање
Формулата е : Ф = integ (B * dS) - во векторски облик
integ - интеграл по површина S (аш што е лошо што нема симболи на форумот).
Овде ти треба малку виша математика, интеграција и во зависност од каква површина се работи различни методи на интеграција
Што правиш ти кога поминуваш пред радиото ?
Мило ми е што праша, она што ти го правиш на радиото е тоа што на некој калем (кој е магнетно спрегнат со друг калем) му ја менуваш меѓусебната индуктивност, а со тоа понатаму се доаѓа до променување на станицата.
Како му ја менуваш инфуктивноста ? Епа пак ми е мило што праша.
Постои една контастанта која што ја поседува секоја материја на планетава. Таа константа се нарекува магнетна пермеабилност и се означува со u0 - ми-нула. Оваа константа е со одредена вредност во вакум и таа не се променува во вакум. Што се случува, твоето тело има различна константа u1 да ја крстиме (u1 = ur1 * u0), и затоа што, според Амперовиот и Ленцовиот закон за пресметување на векторот на магнетна индуктивност Б, кој што ни е потребен за флуксот го има следниот облик :
integ (B * dL) = u0 sum(I)
или со зборови, линискиот интеграл по затворена контура dL од векторот на магнетна индуктивност е секогаш еднаков на пермеабилноста на материјата по сумата од сите струи кои допринесуваат на тоа магнетно поле.
Што сакав да покажам со овој пост, електрониката не е така само земи чекан удирај мавај, земи леткум, леми гори. Доколку стварно сакате да сте електроничари, треба малку да ги засикате ракавите и да се извалкате во теорија