Ерм... грешка си за губење на сигналот до антената :-) Тоа што е захтевно нема никаква врска со губење на моќност до антена.
Класичното АМ радио т.е. АМ пренос кој што го знаеме по старите радија, е всушност Амплитудна модулација со 2 странични опсези и носител, или кратко АМ2СО. На англиски е Double Side Band with Carrier.
Информацијата т.е. говорот се носи само во еден од страничните опсези, другиот страничен опсег е чисто редундантен (за да го објаснам истиот ќе мора да воведам математички апарат, што искрено мислам дека ќе е безпотребно). Овде се губи 50% во редундантност од моќноста на информацијата. Е сега, од друга страна, скоро 1/2 од моќноста на информацијата (двата странични опсези) одат во преносот на носителот. Грубо гледано, 75% од она што оди во етер е редундантно и непотребно, а само 25% од емитираната моќност е употреблива во приемникот.
Затоа АМ2СО мора да умре. АМ модулација како општ поим, се користи насекаде. Дигиталната модулација е всушност некоја под-модулација или под-група на АМ модулација (види QAM, ASK).
Она што е добро кај FM (оној ФМ што го знаеме за пренос на радио) е тоа што нема дуплирање и редундантност на информацијата што се предава, но за жал таму пак е потребен многу поголем пропусен опсег чисто ради природата на модулација.
Доколку некој сака, може да развиеме по-техничка дискусија, вклучувајќи и математика :-)
73