Author Topic: Најопшто околу радио техника  (Read 140527 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
 CW е кратенка за немодулирана телеграфија  и тоа е емисија која веројатно има најстара ,ама и најдолга традиција во телекомуникациите.И сега големите армии ,иако има компјутери,сатекити  итд. сепак форсираат и обучуваат телеграфисти.Кога ништо не работи,телеграфијата е тука!! Дури и американските ТОП ГАН пилоти МОРААТ да знаат (и положат! ) телеграфија. Не постои друг вид емисија која има поголем домет  со иста јачина на предавателот.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Значи првото нешто измислено се покажа како најдобро во однос на домет до ден денешен.

Иначе денес слушав на радио скенер од Солун наш, радио аматерските фрекфенции на сите опсези и сум зачуден од тоа што 90% се слушаше само телеграф а говор и податоци може на 10% само (може малце претерав ама тука некаде е) на 3,5МХз имаше најмногу "гужва",  на 7,10,14,21МХз помалце а на 27 и 30МХз уште помалце за да на 50МХз не слушнам ниту еден јак сигнал туку некои телеграфски "духови" на 144МХз имаше многу малце,  изгледа не потрефив некоја фрекфенција позафатена, на 432 мислам дека немаше никој ама не ме земајте за збор, и на 1296МХз немаше никој)
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Најгужва е 3,5-3,65 за телеграфија во локал и блиски ( почетнички) врски, а 3,7Мхз е веке SSB подрачје каде се * лупета*. На 7 Мхз се работи телеграфија на *долги стази*,а 14  и  21 се веке за * озбилни* мајстори. 28 Мхз е веке во граница со УКТ и врските се * кратки* по домет.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
само цело време слушав модулирана телеграфија бидејки имаше титкање, значи помал домет ?

дознав дека по популарна радио аматерска станица на SW за телеграф е: KX-1 ELECRAFT
Внатре на сликата има еден излезен транзистор кој има форма како 7805, па знае некој што транзистор е бидејки ме интересира многу, барав шеми од станицата ама не најдов ништо конкретно за да видам што дел е.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3059

DX-er види дали тука ќе најдеш нешто
Code: [Select]
http://www.elecraft.com/manual/KX1_Owner's_Manual_Rev_E.pdf јас колку што читнав,мислам дека Q6 е тој излезниот транзистор и е 2SC2166 или 2SC5739,ама не сум сигурен,нај арно ти да видиш... ;D
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Тоа не  е нималку * наивна* конструкција

Code: [Select]
http://www.kx1.4t.com/catalog.html
види уреди и овде

Code: [Select]
http://www.kd5om.com/stuff-built.htm

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Најопшто околу радио техника
« Reply #96 on 15.10.2011, Saturday, 23:34:40 (Edited 15.10.2011, Saturday, 23:36:39) »
Браво малечко како го најде одма, јас барав барав може пола саат и џабе. Фала и на двајцата за трудот. Проверив на даташит и видов дека 2SC2166 дава 6W на 27MHz и највероватно тој транзистор го стават оти 2SC5739 е за 180MHz и дава 20W (не верувам да стават злато каде може и со сребро да се помине)

Ако знае некој колку пари е 2SC2166 нека пише
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Батка ме чуди една работа и тоа,

нели секој радаио сигнал слабее со секој поминат метар или километар, на пример една радио станица на 144МХз со 1W и со супер антена, во близина ке се слуша добро, на 20Km послабо а на 50km уште послабо, на 100km може нема ич да се слуша. Значи зборам за оптичка видливост. Кај SW со 1W при телеграфија сигналот дофрла до 1000km при нормални деноноќни услови (ако грешам поправи) и тоа сигналот иде кон јоносверата па кон земјата па пак кон јоносверата и се така што би би испаднало многу повеке од 1000km далечина. Па како е можно на тие фрекфенции сигналот да слабее многу помаалку од другите фрекфенции ?

Друго нешто, дали пропагацијата и сончевата активност имаат некое својство на засилување на РФ сигналот или пак својство кое не дозволува да спабее сигналот, односно и да слабее тоа да е минимално?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Најопшто околу радио техника
« Reply #98 on 17.10.2011, Monday, 04:56:34 (Edited 17.10.2011, Monday, 05:00:14) »
Па како е можно на тие фрекфенции сигналот да слабее многу помаалку од другите фрекфенции ?

Повеќе фактори се во игра, меѓу кои и начинот на модулација, односно обичен телегафски сигнал. Многу полесно може да се прати телеграфски сигнал одколку говор или било кој друг сложен тип на сигнал. Телеграфија е само 1 и 0, нема некои сложени форми во тој сигнал, bandwidth скоро и да не е потребен, така да целата моќност се праќа на една бранова должина, а не на опсег од бранови должини, што е случај со говорот и музиката (значи се распределува моќноста на определен опсег, па помалку предадена моќност останува за секоја фреквенција посебно, ако може така да упростам). Се разбира, во целиот овој „кајмакар“ играат голема улога и дисперзијата, дифркацијата и апсорпцијата на електромагнетните бранови која се разликува за различни бранови должини (фреквенции) на електромагнетниот бран. Комплицирана наука е ова и повеќе елементи има од физика отколку од електроника.

Друго нешто, дали пропагацијата и сончевата активност имаат некое својство на засилување на РФ сигналот или пак својство кое не дозволува да спабее сигналот, односно и да слабее тоа да е минимално?

Се разбира дека има, и светлината е електромагнетен бран, па следува дека додава електромагнетен шум во етерот. Ние тој шум го перцепираме како бела свелина, а инаку „зрачи“ и на многу други фреквенции блаодарение на нуклеарните и други виолентни хемиски процеси кои се случуваат во него и на неговата површина (X-зрази, алфа, бета, гама зраци/честици, UV зрачење, инфрацрвено зрачење... ги има еден куп, сигурно нешто зрачи и во MHz спектарот ;D, само претпоставувам врз база на логичка индукција). Битно е дека секаде зрачи шум, што е непријател на било каков електромагнетен сигнал ;). Е сега, не знам процентуално колкаво влијание има (дали многу или малку влијае) и дали воопшто има врз радио брановите, но по некоја логика, би требало многу да пречи барем на некој тип на радио бранови, кои, не знам :S, најверојатно некои во многу виските подрачја (многу кратки бранови должини).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Најопшто околу радио техника
« Reply #99 on 17.10.2011, Monday, 07:40:13 (Edited 17.10.2011, Monday, 08:13:01) »
Батка ме чуди една работа и тоа,

нели секој радаио сигнал слабее со секој поминат метар или километар, на пример една радио станица на 144МХз со 1W и со супер антена, во близина ке се слуша добро, на 20Km послабо а на 50km уште послабо, на 100km може нема ич да се слуша. Значи зборам за оптичка видливост. Кај SW со 1W при телеграфија сигналот дофрла до 1000km при нормални деноноќни услови (ако грешам поправи) и тоа сигналот иде кон јоносверата па кон земјата па пак кон јоносверата и се така што би би испаднало многу повеке од 1000km далечина. Па како е можно на тие фрекфенции сигналот да слабее многу помаалку од другите фрекфенции ?

Друго нешто, дали пропагацијата и сончевата активност имаат некое својство на засилување на РФ сигналот или пак својство кое не дозволува да спабее сигналот, односно и да слабее тоа да е минимално?

Ете,Гига ти одговори,а јас само ке додадам: многу услови се потребни за да се оствари далека врска QSO ,Меѓутоа најбитна и најбитна работа е -добра антена и добро заземјување! Тоа е факторот кој од почетоците на радио-техниката е фактор бр.1 .За мали јачини е многу битна и локацијата - да биде издвоена од градски средини,да нема електрични празнења и сметњи од мотори ,неонско светло,машини кои зрачат електро магнетно поле.Значи - на планина му е мајката! 8)

Споено мислење: 17.10.2011, Monday, 08:13:00
Еве ,ако те интересира за некои почетоци  на радиото

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
дали знае некој зошто им е изобличен гласот како на видеото на соговорниците преку радио станица ?

6 Meters - "The Magic Band"
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Доплеров ефект на бранот ???.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Сите емисии се забранети во опсезите: 1400.00-1427.00 MHz 100.00-102.00 GHz 2690.00-2700.00 MHz 109.50-111.80 GHz 10.68-10.70 GHz 114.25-116.00 GHz 15.35-15.40 GHz 148.50-151.50 GHz 23.60-24.00 GHz 164.00-167.00 GHz 31.30-31.50 GHz 182.00-185.00 GHz 48.94-49.04 GHz 190.00- 191.80 GHz 50.20–50.40 GHz 200.00-209.00 GHz 52.60-54.25 GHz 226.00-231.50 GHz 86.00–92.00 GHz 250.00-252.00 GHz

дали некој знае зошто?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Urahara

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 194
Сите емисии се забранети во опсезите: 1400.00-1427.00 MHz 100.00-102.00 GHz 2690.00-2700.00 MHz 109.50-111.80 GHz 10.68-10.70 GHz 114.25-116.00 GHz 15.35-15.40 GHz 148.50-151.50 GHz 23.60-24.00 GHz 164.00-167.00 GHz 31.30-31.50 GHz 182.00-185.00 GHz 48.94-49.04 GHz 190.00- 191.80 GHz 50.20–50.40 GHz 200.00-209.00 GHz 52.60-54.25 GHz 226.00-231.50 GHz 86.00–92.00 GHz 250.00-252.00 GHz

дали некој знае зошто?

Затоа што се фрекфенции кои треба да ги закупиш.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
не ми се верува да е тоа бидејки тука ги нема фрекфенциите од ФМ, ТВ, ГСМ, 3Г опсегот туку повекето се во многу ГХз кои никој не би ги ни користел.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.