Author Topic: Најопшто околу радио техника  (Read 140550 times)

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
е добро. Колку што разбрав само средните бранови ќе се дигитализираат. Секој краткобранов приемник има повеќе бандови меѓу кој спаѓаат и средните бранови. Дали тоа значи дека и натаму ќе може да се користат класичните краткобранови приемници за останатите бандови?
Hams do it! With Frequency

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
Па, што разбираш под дигитални модулации ? :-)

Дигитална модулација е само *виртуелен* поим по мое, кој се користи кога ќе се пренесува дигитален стрим на податоци :-)

Пример, DVB-T кај нас користи OFDM - Orhogonal Frequency-Division Multiplex, со N-носители, кои се сами за себе модулирани со 64-QAM (незнам дали е 64 или 32, али небитно), а QAM е комбинација на PM (фазна модулација, слична со FM) + AM :-)

Дигитални модулации си се дигитални. Тоа се оние кои се користат за пренос на дигитални сигнали.
Секако ако одиме во крајност, на најниско ниво секој сигнал може да го сметаме за аналоген пошто има одреден напон и други аналогни карактеристики.
Ако одиме до таа крајност тогаш и компјутерот е виртуелно дигитална машина пошто на хардверско ниво работи со напони и струи :)
Life is too short to remove USB safely ..

Offline Z32AL

  • Нов член
  • *
  • Posts: 45
е добро. Колку што разбрав само средните бранови ќе се дигитализираат. Секој краткобранов приемник има повеќе бандови меѓу кој спаѓаат и средните бранови. Дали тоа значи дека и натаму ќе може да се користат класичните краткобранови приемници за останатите бандови?

Приемниците може да демодулираам само КАМ сигнал (затоа што повеќето работат со диоден детектор), така да, ќе може да се слуша само обичен т.е. класичен/конвекционален АМ сигнал.

Дигитални модулации си се дигитални. Тоа се оние кои се користат за пренос на дигитални сигнали.

Баш така ! *кои се користат за пренос на дигитални сигнали* ! :-)

А ако одиме во крајност, сѐ е дигитално и на нивоа (квантна механика) :-)

ktnxbai

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одг: Најопшто околу радио техника
« Reply #288 on 17.06.2014, Tuesday, 00:55:45 (Edited 17.06.2014, Tuesday, 01:40:06) »
е добро. Колку што разбрав само средните бранови ќе се дигитализираат. Секој краткобранов приемник има повеќе бандови меѓу кој спаѓаат и средните бранови. Дали тоа значи дека и натаму ќе може да се користат класичните краткобранови приемници за останатите бандови?
Да да Z31GH во кратките бранови тоа се фреквенции од 3 мегахерци до 30 мегахерци работат армиите на пример нив никој не ги чепка.Тука работат и други служби.Е сега средно брановото подрачје е од фреквенции од 300 килохерци па до 3 мегахерци.Исто така си има служби кои работат на  средни бранови.Е сега во светот одредено е да фреквенциите од 500 килохерци до 1600 килохерци да се користат за радио дифузија.Тука се користеше амплитудната модулација.Е сега ЕУ налагаше да се дигитализира телевизијата а сега налага да се дигитализира и среднобрановото радио дифузно подрачје.Ова треба да се направи до 2016 година а Македонија ќе го направи тоа.Значи на ова подрачје од 500 килохерци до 1600 килохерци остана уште радио Скопје да емитува.И тој еден канал ќе се дигитализира сите држави во ЕУ без разлика дали се членки или не треба според закон ова до 2016 да го остварат да им се дигитализирани националните радија.Ти не грижи се пак на кратки или на средни бранови како на видеото ќе си слушаш радиоаматери од русија и африканцине и азијцине пак ќе си бидат со аналогни снажни предаватели.Нивните национални радија ќе ги слушаш.Е сега порано ама многу порано за мали радија од комерцијално знаачење се користел опсегот за радио дифузија од 500 килохерци до 1600 килохерци но тој полека се испустил и уште националните радија емитуваат само во тоа подрачје.Пред ова пак се користеле долги бранови во времето на Маркони и Тесла долгите бранови се бранови со фреквенција од 3 херци до 300 килохерци.А за радио дифузија се користело подрачјето од 150 до 300 килохерци.Затоа и ден денес останато е кај некој радиа и оваа скала LW(Long Wave) долги бранови.Инаку на долги бранови комуницираат подморниците.Денес за комерцијални цели се користи ултра краткото браново подрачје кое е VHF со фреквенција од 30 мегахерци до 300 мегахерци.Шумската полиција,радиоаматерите,авијација и таксистите го користат ова подрачје.А за радио дифузија одредени се фреквенции од 87,5 до 108 мегахерци.Останува времето да покаже дали и ова радиодифузно подрачје ќе го дигитализираат(87,5-108 мегахерци).Како тргнале кој знае каде ќе им биде крајот. ;D :D ;).Знам еве на пример преку Офф нет можеме да ги слушаме овие радија на интернет.Но зборот ми беше да се дигитализираат да треба да имаме посебен приемник кој ќе ги прима дигиталните сигнали како со телевизијава случајов.Е сега до 2016 треба во цела Европа и средно брановото радио дифузно подрачје да биде дигитализирано.Ќе треба приемник кој ги прима тие дигитални сигнали PSK и QPSK.Но повтрорно ништо нема да ги замени старите КТ приемници.Но добро сите европски држави ќе бидат со дигитализирани национални радија.Но остануваат други континенти,радиоаматери,телеграфија,SSB,DSB тој твој КТ приемник ги има сите модови за работа пак е јако.Сигурно му имаш и добра антена.Го знам твојот КТ приемник од видеото што го постираше на твојот јутјуб канал.Доста интересни работи примивте :D
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline MarkoMK

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1001
  • Gender: Male
Quote


А ако одиме во крајност, сѐ е дигитално и на нивоа (квантна механика) :-)


 ;D ;D ;D ;D

е да.. тука си во право.
Life is too short to remove USB safely ..

Offline Z32AL

  • Нов член
  • *
  • Posts: 45
Абе nsu, постовите ти се многу нечитки, дај употребувај го ентер копчето за проред малку :-)

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одг: Најопшто околу радио техника
« Reply #291 on 17.06.2014, Tuesday, 01:11:25 (Edited 17.06.2014, Tuesday, 01:40:42) »
Абе nsu, постовите ти се многу нечитки, дај употребувај го ентер копчето за проред малку :-)
Важи ;D.И нема да пишувам толку долго со проред ќе гледам да биде ;)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
NSU сигурно ли е дека долгите бранови почнуваат од 3 херци? Да не е од 3 или 30 килохерци?

Z31GH, дигитално радио (DRM) освен на средни бранови, има и на кратки и на долги бранови.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одг: Најопшто околу радио техника
« Reply #293 on 17.06.2014, Tuesday, 12:44:59 (Edited 17.06.2014, Tuesday, 12:52:57) »
NSU сигурно ли е дека долгите бранови почнуваат од 3 херци? Да не е од 3 или 30 килохерци?

Z31GH, дигитално радио (DRM) освен на средни бранови, има и на кратки и на долги бранови.
Можно е да су згрежил друже.Добро е што ме поправате не беше дека од 30 килохерци до 300 килохерци се долги бранови а од 3 херци до 30 килохерци се VLF(Very Low Frequency) на тие многу ниски фреквенции реагира и човечкото тело сум слушнал дека мозокот е нај осетлив на 9 или 12 херци.Поправете ме ако грешам.Но она што го кажав за долго брановото радио дифузно подрачје е точно од 150 до 300 килохерци.И голем број на работи што ги кажав во големиот пост се точни.Сум згрешил на крај може за долгите бранови затоа сте вие тука да ме поправите..Dx-er знам дека дигитално радио има на кратки бранови.Сега знам дека во некои држави одавна има и на средни а и кај нас сеа до 2016 ќе има.Но оваа да ви кажам не го знаев дека има дигитално радио и на долги бранови може малку по опширно околу тоа да ми кажете ако знаете некој пример кое радио е тоа е ова не го знаев. ;D :).Tу бре значи имало и дигитално радио и на долги бранови.До каде ли оди развивањето на некои држави некои општества. 8) :D
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Z31GH, Дигиталниот сигнал се емитува преку истиот среднобранов предавател, истата антена, се менува само модулаторот. Се вадат тие трансформатори за АМ модулација и се става еден модул за DRM модулација (A/D конвертор, компресор и модулатор). Такво нешто направија во Бугарија, на стар краткобранов АМ предавател со лампи го направија да емитува дигитално, и емитуваше неколку години се додека бугарите се премислија па удрија на рушење на сите антени за тие бранови подрачја. Остана едино активен еден предавател на долги бранови на 261KHz со намалена снага :)
Има free софтвер на интернет за DRM конверзија, па ако имаш некој MW/SW/LW предавател можеш да го претвориш во DRM предавател, само ке треба со електроника да го изработиш модулаторот кој не нешто сложен.
Јас имамм пробано да емитувам DRM сигнал преку FM предавател и тоа беше успешно но ако сигналот заслабнеше и нај малце се губеше звукот, односно сигналот не сакаше да се декодира. Тоа беше така бидејки на ФМ модулацијата модулирав DRM сигнал (во форма за звук) а треба да се отстрани модулаторот од предавателот и да се вметне друг модулатор способен за модулација на DRM сигнал и тогаш сигналот ке биде многу по отпорен. И, при по слаб сигнал истиот ке може да се декодира и да се слуша.

NSU сигурно ли е дека долгите бранови почнуваат од 3 херци? Да не е од 3 или 30 килохерци?

Z31GH, дигитално радио (DRM) освен на средни бранови, има и на кратки и на долги бранови.
Можно е да су згрежил друже.Добро е што ме поправате не беше дека од 30 килохерци до 300 килохерци се долги бранови а од 3 херци до 30 килохерци се VLF(Very Low Frequency) на тие многу ниски фреквенции реагира и човечкото тело сум слушнал дека мозокот е нај осетлив на 9 или 12 херци.Поправете ме ако грешам.Но она што го кажав за долго брановото радио дифузно подрачје е точно од 150 до 300 килохерци.И голем број на работи што ги кажав во големиот пост се точни.Сум згрешил на крај може за долгите бранови затоа сте вие тука да ме поправите..Dx-er знам дека дигитално радио има на кратки бранови.Сега знам дека во некои држави одавна има и на средни а и кај нас сеа до 2016 ќе има.Но оваа да ви кажам не го знаев дека има дигитално радио и на долги бранови може малку по опширно околу тоа да ми кажете ако знаете некој пример кое радио е тоа е ова не го знаев. ;D :).Tу бре значи имало и дигитално радио и на долги бранови.До каде ли оди развивањето на некои држави некои општества. 8) :D
Да, долгите брабови се од 30KHz до 300KHz. Е сега не сум сигурен од колку KHz се смета за радио бранови ? На интернет може да се најдат контрадикторни информации. Најдобро некој да каже ако има читано стручна литература на факултет.
Иначе има подморници кои работат и на VLF, поточно на некои 29Hz е сега замисли колку време им треба да модулираат една тратка порака? :)
Човечкиот мозок работи на фрекфенции од 0.4 до 30Hz но типично помалце, околу 4-5Hz па се до кај 20Hz. Шизофреничарите идат до 40Hz  ;) Taка се претпоставува дека може да се контролира човечкиот мозок, доколку се емитува на тие фрекфенции со одредена модулација.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Краткобрановиот приемник ми е најдобар пријател, секоја ноќ ми прави друштво. Уживам во тоа да се помачам да фатам чисто некоја далечна станица. Не би ми било интересно само накуцај ја фреквенцијата и готово.
Hams do it! With Frequency

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
 Пред некое време во темава се водеше дебата зошто 70% од енергијата се губи доколку се емитува со АМ модулација.

Дали и кога се емитува во QAM се губи 70% од сигналот и е неупотреблив како кај АМ?

Ме интересира и уште нешто, нели среднобрановите АМ предаватели ке се дигитализираат, дали тогаш кога ке емитуваат дигитален сигнал DRM на средни бранови нема да се губи огромен дел  од сигналот како кај АМ?

 Иначе во авио сообраќајот се користат радио VHF станици со АМ модулација. Тамо нели има 70% неупотреблив сигнал/загуба како кај среднобрановите АМ предаватели?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Z32AL

  • Нов член
  • *
  • Posts: 45
Одг: Најопшто околу радио техника
« Reply #297 on 07.08.2014, Thursday, 11:07:48 (Edited 10.09.2019, Tuesday, 09:59:37) »
Незнам што мислиш кога ќе го употребиш зборот *губи*, да објаснам, тие 70% што се *губат* се всушност редундантна информација т.е. дупла информација (едниот страничен опсег) и самиот носител, кои што не се потребни за преносот на самата потребна информација, но поради што со нив градењето на приемници е ненормално едноставно, некогаш назад во времето решиле дека КАМ (конвекционална АМ) е убаво.

QAM или Quadrature Amplitude Modulation е најчесто нарекувана дигитална модулација, Зборчето *АМ* нема апсолутно никаква врска со претходната КАМ/АМ модулација што ја слушаме по радио. QAM работи на принцип на мешање на 2 носители, така што нивната амплитуда и фазниот агол меѓу нив го одредува векторот на QAM во концелацискиот дијаграм/рамнина

Пример за PAL :



Доколку се дигитализираат среднобрановите предаватели, многу голем дел од сигналот ќе биде искористен, т.е. нема да има редундантност како кај АМ (тие 70% кои што не се *губат* магично)

Во авио сообраќајот се други причините зошто се оди на АМ, меѓу кои :

* АМ не подлежи на доплер
* Можно е во исто време да се слушнат два авиони
* Легаси систем, многу би коштало да се смени инфраструктурата во цел свет (неколку пати повеќе од нашиот буџет на државата)

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Quote
Незнам што мислиш кога ќе го употребиш зборот *губи*, да објаснам, тие 70% што се *губат* се всушност редундантна информација т.е. дупла информација (едниот страничен опсег) и самиот носител, кои што не се потребни за преносот на самата потребна информација, но поради што со нив градењето на приемници е ненормално едноставно, некогаш назад во времето решиле дека КАМ (конвекционална АМ) е убаво.
.
Така така затоа јас горе цело време потенцирав дека кам сигналот ги пренесува и двата бочни опсега и носителот.И највеќе заради и тој носител се јавуваа загубите.Голема енергија се троши за и тој да се пренесе.И кажав нормално дека овој сигнал се вовел порано само заради едноставната демодулација со детектор на анвелопа.И затоа се пренесува и носителот за да анвелопата и постајано биде позитивна.КАМ сигналот секогаш е со постојана анвелопа.Тоа го направиле така заради евтината демодулација и приемниците да биле многу поевтини.Убаво кажа тука и Z32AL.
Quote
QAM или Quadrature Amplitude Modulation е најчесто нарекувана дигитална модулација, Зборчето *АМ* нема апсолутно никаква врска со претходната КАМ/АМ модулација што ја слушаме по радио. QAM работи на принцип на мешање на 2 носители, така што нивната амплитуда и фазниот агол меѓу нив го одредува векторот на QAM во концелацискиот дијаграм/рамнина
.Така овие два система во општо не се исти.И секако QAM ќе биде каде каде по исплатливо и по ефикасно е.Но добро демодулацијата нормално сега ќе биде дигитална но нема везе.
Quote
Доколку се дигитализираат среднобрановите предаватели, многу голем дел од сигналот ќе биде искористен, т.е. нема да има редундантност како кај АМ (тие 70% кои што не се *губат* магично)

Во авио сообраќајот се други причините зошто се оди на АМ, меѓу кои :

* АМ не подлежи на доплер
* Можно е во исто време да се слушнат два авиони
* Легаси систем, многу би коштало да се смени инфраструктурата во цел свет (неколку пати повеќе од нашиот буџет на државата)
Е и ова е добро кажано тука се сложувам.
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
 Благодарам за одговорите и на двајцата
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.