Author Topic: Најопшто околу радио техника  (Read 140656 times)

Offline daniel spasovski

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1330
  • Gender: Male
Одг: Најопшто околу радио техника
« Reply #225 on 13.10.2013, Sunday, 15:03:27 (Edited 10.09.2019, Tuesday, 09:55:58) »
Ја користам оваа прилика јавно да му се извинам на Dx-er , ако се почуствувал навреден на било кој начин , сакам да знае дека немав таква намера .. бев изнервиран и тоа е тоа .. ништо лично .. Ако може да го прифати извинувањето , океј , ако не , пак океј , јас само тоа можам да го кажам :)
Иначе се работи за следново :



Пробувам нешто по дома .. Експериментирам ..  :) Тоа предавателчето од сликата  :) .. Па немам BC557 , дали може наместо него да ставам замена некој од овие транзистори и кој би бил најдобра замена за него ? : BC 109C , BC 109B , BC 302 , BC 207 , BC 287 , BF 258 , BC 208 , BC 204 , BF 199 , BC 182 , BC 286 , BC 567B , а последните два кои ги имам се BC 557B но со B на крајот .. Ке има некоја разлика ако yпотребам таков како замена ?  :)

Еве подоле што пишале за него :

Before we go to an improved design, here is an unusual circuit using a PNP (BC 557) transistor. Firstly, PNP transistors do not work as well as NPN transistors. I would reverse the 4k7 and electret mic as the voltage between base and 0v rail is very small and the 4k7 is not biasing the transistor - it is not needed! The range will be 50 to 100 metres and the current is about 3mA.
Note: A reader built this circuit. It did not work!!
Try putting the 47p across the coil. The 33p may need to be reduced to 10p.
It is just a BAD design, but a good challenge to see if you can get this type of design to work

Што ми предложувате да променам јас ? или да оставам се како на шемата ? :)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Даниелчо,што бе батка ја тупиш! (извинина изразот,да не се навредиш! 8)) По шемата убаво ти вика да ставиш PNP транзистор.Оној 557В што го  имаш е добар и слободно пробај со него.Ама,прочитај малку повеќе од постовите што неколкупати ти ги вергламе истите луѓе/Постоти пат дати кажам дека треба да експериментираш  - стави 47 пф полупроменлив,намали гооној 33 пф на некој помал 10-15 пф(тој ти е поради спрега).И антената поврзи ја преку мал блок 4,7 -10 пФ.Нека биде долга 70 см ,па крати по сантим,ако треба.Полупроменливиот на средина и растегни го или подсобери калемот! Стави го радио-приемникот на 1м растојание и  пробај со растегање на калемот да добиеш добиеш сигнал ,како свирење ,фонија.Па потоа фино штелувај.И пак ке ти кажам- овој тип на баг предаватели се тешки за почетник,поради подесувањето.Не гледај да има малку делови! Јас ти предложив веќе неколку шеми со печатен калем! Таму нема грешење,барем не околу пронаоѓањето на опсегот!!

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Даниел треба да броиш до 10 и да не избувнуваш, ако ние администраторите и модераторите ако казниме некој член, не треба ти да судиш и да ни се нафрлиш на нас. Од кај знаеш каков е неговиот грев и дали тој е во право или не е. Ако тебе те банираме, мислиш дека тој член ке се сожали, ке се солидализира со тебе па ке те брани кај нас? Ма јок. Така да.... Околу предавателот, како што ти кажа Батка, стави било каков PNP, друга филозофија нема. Ма да пак ке ти кажам, овој предавател нема да те усреќи ама ич. Имам правено вакви пред многу години и знам какви се. Подобро направи нешто што вреди, барем така и ние ке ти помогнеме околу градбата, ама со вакви играчки не си играј.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Дали сте знаеле дека AM радиото е развиено меѓу 1900 и 1910та година :) и воедно тоа е првиот начин на пренос на звук преку радио сигнал. Прв пат било емитувано во Канада и тоа од Reginald Fessenden на 23 Декември 1900та година. Овој начин на емитување и ден денес се користи на цела планета бидејки осигурува одлично покривање со сигнал на теренот, па така може со еден предавател да се покрие цела планета.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
јас колку што знам контролата на летање користи ам радио, па сакам да прашам, дали ке се појават некои места каде што ке нема прием, бидејки ам брановите патуваат цик цак околу орбитата на земјата?  ;D
Kure je kupio novog BMW-a

Trolko

  • Guest
јас колку што знам контролата на летање користи ам радио, па сакам да прашам, дали ке се појават некои места каде што ке нема прием, бидејки ам брановите патуваат цик цак околу орбитата на земјата?  ;D

Патувањето на електромагнетни бранови цик-цак нема врска со типот на модулацијата. Авио-бандот се наоѓа над 108 MHz, значи дека тие бранови ќе ја напуштат земјината атмосфера прилично едноставно :)

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
Одг: Најопшто околу радио техника
« Reply #231 on 14.10.2013, Monday, 20:25:58 (Edited 10.09.2019, Tuesday, 09:57:09) »
мислев дали ке се појават  "црни точки " помегу цик цак патернот на бранот

Kure je kupio novog BMW-a

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
MetallicA одговорот е НЕ. Значи авионите користат фрекфенции од 108 до 136МХз а тие фрекфенции не се одбиваат од јоносверата (или малку и незначително се одбиваат) а тоа АМ значи само модулација како што е и FM или SSB. Иначе да појаснам, авионите користат и кратки бранови (SW) кои се одбиваат од јоносверата и користат АМ модулација, но таквите се најчесто меѓуконтинентални летови каде 108-136MHz нема да достигне до најблискиот аеродром. Ако имаш некое друго прашање слободно прашај.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline MetallicA

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 716
  • Gender: Male
ок, фала за одговорот  ;) ;D инаку и јас тоа мислев како ке комуницраат на пример над пацификот? за на копно не е проблем има репетитори и слични работи, башка па и има аеродром на "секој чекор"  ;D
Kure je kupio novog BMW-a

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
незнам ова кај да го пишам па ај тука...знае ли некој дали TDA7021 може да се користи за наоѓање на насоката на некој предавател??? да се користи пинот што е "Field Strength" или некој друг предлог за како да се најде некој предавател???
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline ivica.s

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 369
  • Gender: Male
  • RF Guru
    • Регистрирај се и заработи на envato.com
Одг: Најопшто околу радио техника
« Reply #235 on 25.10.2013, Friday, 15:41:56 (Edited 25.10.2013, Friday, 15:45:53) »
незнам ова кај да го пишам па ај тука...знае ли некој дали TDA7021 може да се користи за наоѓање на насоката на некој предавател??? да се користи пинот што е "Field Strength" или некој друг предлог за како да се најде некој предавател???

Ајде по подолго време еве ме назад на форумов. :)

Инаку да може ако ставиш микро амперметар на излезот од пинот. За полн сигнал струјата е околу 180 микроампера. Сепак подобри резултати ќе постигнеш ако направиш насочена јаги антена за тоа подрачје зошто без тоа со обична жица како антена сигналот ќе биде скоро ист во сите насоки. Е сега да малку е гломазна таквата антена особено за тоа подрачје ама верувај ако е добро направана само со мрдање од неколку степени лево или десно сигналот паѓа многу и многу е лесно да се одреди од кај иде дури и во град а па за на отворен простор кај што нема одбивање на сигнали и сл. уште е полесно.

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
и јас тоа го гледав, само се чудев дали може такво нешто да се изведе...чим може ако го најдам тој интегралец тука па ке видам што ке направам со него...
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline ivica.s

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 369
  • Gender: Male
  • RF Guru
    • Регистрирај се и заработи на envato.com
и јас тоа го гледав, само се чудев дали може такво нешто да се изведе...чим може ако го најдам тој интегралец тука па ке видам што ке направам со него...

Не мора ни овој интегралец да го бараш. Сите мали постари радиокасетофони кои имаа аналоген начин на бирање на станиците се базирани на чипот TA7640 или слични на него. И овие чипови имаат имаат излез за покажување на моќноста на влезниот сигнал. Значи веќе имаш готов радиоприемник ти останува само некој микроамперметар и некаква насочена антена да приклучиш.  :)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Она што ти го бараш се вика S- метар и може да биде со лед или аналоген инструмент (подобра варијанта!).Значи разгледај го дата шитот за тоа ИК и види каде и како се врзува S- метарот,или да најдеш некоја шема на нет и да ја приклучиш.

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 814
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Еј луѓе, се пражував нешто... Си играв со едно аналогно радио кај баба ми и забележав дека истата радио станица се наоѓа и на 90,7MHz, и на 96,2MHz. Што се случува??? ;D ??? ;D
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.