DVB-C и DVB-T во суштина се исти но само во вториот дел во QAM декодирањето. DVB-T има на влез модул за корекција на грешки, значи DVB-Т е кодиран плус со код за заштита од грешки а потоа откако ќе се декодира QAM сигналот го праќа на демодулаторот. DVB-C има само QAM демодулатор без систем за корекција на грешки, затоа е поевтин. Но тоа значи дека двата системи (како уреди) не се компатибилни и дека треба да се избере тоа што го нудат кај нас кабловските оператори. Во Битола на пример кабловските оператори праќаат DVB-T сигнал наместо DVB-C бидејќи имаат големи разлики во сигналите на различни фрекфенции (има и доста луѓе кои приклучуваат по 2 или повеќе телевизори наместо еден) и затоа користат Terrestrial standard наместо Cable standard, бидејќи линиите им се полоши и да има корекција на грешки за да биде сликата добра. Мислам дека е јасно сега што е разликата и цената.