После бродолом на пуст остров завршиле:
Двајца Италијанци и една Италијанка,
двајца Французи и една Французинка,
двајца Германци и една Германка,
двајца Грци и една Гркиња,
двајца Англичани и една Англичанка,
двајца Ескими и една Ескимка,
двајца Јапонци и една Јапонка,
двајца Кинези и една Кинескиња,
двајца Албанци и една Албанка,
двајца Американци и една Американка,
двајца Ирци и една Иркиња,
еден Евреин и две Еврејки и
двајца Македонци и една Македонка.
После еден месец, на тој чудесен пуст остров, многу работи се случиле:
Едниот Италијанец го убил другиот Италијанец поради Италијанката.
Двајцата Французи и Французинката среќно живееле во тројка.
Двајцата Германци строго се придржувале на наизменичниот распоредот за посета на Германката.
Двајцата Грци во меѓувреме се зближиле и почнале да спијат заедно, а Гркињата им чистела и готвела на Грците, а ноќе ги посетувала другите нации.
Двајцата Англичани чекале трет за да ги претстави на дамата.
Двајцата Ескими и Ескимката добро испланирале и отпловиле.
Двајцата Јапонци пратиле e-mail во Токио барајќи упатства. Чекајќи одговор под сенка, Јапонката секој ден се депилирала.
Двајцата Кинези отвориле ресторан, аптека, дисконт за пијалоци, самопослуга, перална и успеале да и направат близнаци на Кинескињата со што ја обезбедиле неопходната работна сила.
Албанката носела четворка. Албанците во шумата основале камп за воени вежби за да го завземат островот.
Двајцата Американи отвориле ресторан за брза храна, а Американката се сеќавала на својот поранешен дечко кој бил подобар од двајцата Американци.
Двајцата Ирци направиле подрум и таму пиеле виски. Бидејќи од тогаш не се отрезниле, на Англичаните не им бело тешко да ги убедат дека островот го поделиле на Северен и Јужен. Од мака и Иркињата почнала да пие.
Едниот Евреин и двете Еврејки направиле се за да ја исполнат Божјата заповед:"Размножувајте се и наполнете ја земјата."
Првиот ден Евреинот ја основал берзата, вториот ден банката, третиот ден супермаркет, четвртиот ден туристичка агенција,
петтиот ден филмско студио, шестиот ден организација за заштита на Евреите, седмиот ден се одмарал со двете Еврејки.
Двајцата Македонци и Македонката веднаш се ангажирале политички. Тие тројца основале шест политички партии: двајцата Македонци и Македонката ја основале Демократска партија на Македонците во туѓина, Македонката ја основала Партијата на жените во туѓина, едниот Македонец ја основал ВМРО - ДПМНЕ, другиот Македонец ја основал СДСМ, едниот Македонец и Македонката ја основале Обединети за Македонија, а другиот Македонец и Македонката ја основале Социјалистичка партија. Поради деноноќните политички обврски немале време за други активности.