Цветко оди на пазар и прашува:
- Колку јаболкиве?
- Колку повеќе купиш, толку поевтино.
- Епа, ајде пуни додека не станат бесплатни.
Стојат две мали деца пред црква и гледаат како од црквата излегува штотуку венчан брачен пар…
Едното дете му вели на другото:
- Гледај сега паника!
Трча до младоженецот, го фаќа за рака и му вели:
- Здраво тато!!
Оди Трпана во продавница и купува цел комплет скапа козметика за подмладување. После апликацијата, го прашува Трпе:
- Драги, ај кажи сега искрено, колку стара изгледам?
- Па според косата 18 години, лицето 20 години, телото 25.
- Ах, колку си сладок. Стварно ли изгледам толку млада?
- Чекај малку, уште не сум ги собрал, па да ти го кажам збирот.
Се враќа Трпе од странство со многу пари и другар му го прашува:
- Абе Трпе од каде заработи волку пари?
- Епа таму бев магионичар.
- Е ај покажи некоја магија….
- Ај сврти се и затвори ги очите….
- Го осеќаш прстов во г*зот?
- Да.
- А глеј кај ми се рацете!
Управникот на затвор ја прашува затвореничката осудена на смрт на електрична столица:
- Имате ли некоја последна желба?
- Да. Ве молам држете ме за рака.
Трпе му вели на синот:
- Сине, не трчај по секоја сукња. Во Шкотска сме.
Професорот: Ученици дали постои Господ?
Учениците: Да постои!
Професорот: Може ли да го видите?
Учениците: Не!
Професорот: Може ли да го допрете?
Учениците: Не!
Професорот: Епа тогаш не постои Господ.
Ученик: Се извинувам професоре, можете ли да го видете вашиот мозок?
Професорот: Не!
Ученикот: Можете ли да го допрете?
Професорот: Не!
Учениците: Па тогаш немате мозок!
Попот: сега може да ја бакнете невестата!
Невестата: Попе, а да ми го стави?
Попот зачудено гледа во невестата…
Невестата: Прстенот, попе, прстенот.
Докторот му вели на Трпе дека мора да му направи спермограм, му дал едно шишенце и му рекол да го наполни и да го донесе другиот ден.
Доаѓа Трпе другиот ден со празно шишенце, и докторот му вика:
- Па зар не ти реков да го наполниш?
- Пробав докторе, прво со левата рака, па со десната и не бива. Потоа ја викнав жена ми, и таа почна прво со левата рака, па со десната, па потоа проба со уста и пак не бива. Па ја викнавме и комшивката, и таа проба се, и ти велам докторе дека нема теоретски шанси да го отвориме ова шишенце.