Костаќето се разбољел и оде на доктор. Докторо го прегледува, му права испитуване на крфта, рендген, па коо резултате биле готови, ги прегледува и загрижено му вика на Костаќето:
Докторо: Костаќе, не ти га бива работта. Сериозно си болен. У тебе има најного, оште два - три месеца живот. Ак сакаш малко повеќе да пуживееш, јас ти препорачувам, да си куп’ш една козичка и секоо сабааље да си га пас’ш горе на баиро. Ем ќе си пешач’ш до манастиро на Свети Иљии, ем ќе си диш’ш чис ваздух.
Костаќето го послушува на докторо, си купува една козичка и секој ден на Свети Иљии. После три месеци Костаќето се јавува на докторо. Бел црвен, пука од здрааве.
Костаќето: Докторе, фала ти ного на се. Јас те послушах, си купих козичка и секој ден су нее на баиро. Ем си пешач’м, ем си диш’м чис ваздух, ем секој ден си цицнув’м пресно млекце, директно од цицката на козичката. Гледи ме каков с’м здрав и силен, пук’м од здрааве.
Докторо: Алал ти вера бе Костаќе..
Костаќето: Само има еден проблем. Козичката нешто не га бива, ного опадна и ослабе. Де ти се мољ’м, ак сакаш да га вид’ш.
Докторо почнал да га прегледува, да га гледе, да га студире, почнал да мрмка, да запишува нешто у тефтеро и на крајо му вика на Костаќето:
Докторо: Види саа, јас не с’м ветеринар, од стока ного не разбир’м, ама со сигурност ти тврд’м , т’ва не е коза бе, т’ва е прч.