Еве нешто и од мене
Полицаец застанува една плавиша и и вика Возачка? Да, да, јас сум возачка.
На еден влав му здосадило да чита вицеви за влашката скржавост, па испратил писмо до уредникот на еден весник:
- Со гадење ги читам навредливите вицеви за мојата скржавост. Ве предупредувам !! Ако не престанете да пишувате такви навредливи вицеви, ќе престанам да го позајмувам весникот од соседот.
Седел некој пират во крчма и пиел рум. Крчмарот го прашал:
- Извини, како ја доби дрвената нога?
- Еден ден пливав покрај бродот, наиде ајкула и ми ја одгриза ногата.
- А како дојде до куката на раката?
- Раката ми беше отсечена кога нападнавме друг брод.
- A како го добивте превезот преку окото?
- Гледав еден галеб како лета, и тој ми се посра во окото.
- Па зарем од тоа може да се загуби окото?
- Не, но тоа ми беш прв ден со куката на раката.