80 годишен дедо оди на лекар на редовен преглед. Докторот го прегледува и, сиот зачуден, му вели:
- Дедо, па ти си во тип-топ форма! Како успеваш на овие години да немаш ниту покачен притисок ниту ништо?
- Па, се раздвижувам, одам редовно по риба...
- Ааа остај ти одам по риба, ова мора да е наследно. Кажи ми, колку години имаше татко ти кога почина?
- Татко ми е уште жив.
- Уште жив?! Па колку години има?
- 98. со него заедно одиме по риба.
Докторов зачуден, го прашува дедово:
- A, добро, можеш ли да се сетиш дедо ти колку години истера?
- Ах, и дедо ми е жив, има 115 години.
На докторов не му се верува.
- Претпоставувам дека и тој оди по риба?
- Ааа, не, деновиве седи дома и се спрема за својата свадба?
- Свадба?! Ќе се жени на 115 години?!
- Абе тој не сакаше да се жени, ама родителите го притискаат...