Зошто Југо има грејачи на задното стакло?
- За да не ви се смрзнат рацете преку зима додека го туркате!
Што има на последната страна од упатство за југо?
- Распоред на градски автобуси.
Како се викаат кочниците на Југо?
- Додатна опрема
Како да препознаете спортско југо?
- На куката за приколка има тениско топче.
Која е разликата помеѓу сопственик на спортско и обично југо?
- Сопственикот на спортско југо носи патики
Југото е дизајнирано за петмина,
еден да седне на возачкото место другите четворица да туркаат.
Која е најголемата желба на сопственик на Југо?
- Да си купи кола
Што се распаѓа побрзо од Југо?
- Земјата во која е правено
Возач на Југо оди во продавница за резервни делови и вели:
би сакал ретровизор за моето Југо. Продавачот се мисли малку па му вели: Звучи како фер замена.
))
Како во фабриката Застава проверуваат дали вратите добро се затвораат?
- Ставаат мачка внатре, и ако сабајле не е излезена тогаш се е ок.