Една баба оди на пазар, застанува кај тезгата на Цветко и прашува:
- Што е ова?
- Домати.
- Дај ми еден килограм, но секој домат спакувај ми го одделно.
Цветко ги пакува доматите, а бабата пак прашува:
- А ова?
- Пиперки.
- Дај ми еден килограм, но секоја пиперка спакувај ми ја одделно.
Цветко ги пакува пиперките, а бабата пак прашува:
- Што е ова?
Цветко рекол:
- Тоа е леќа, ама не е за продавање.