Author Topic: Вицови  (Read 187958 times)

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Одг: Вицови
« Reply #360 on 14.07.2011, Thursday, 12:05:02 »
а бе луѓе во минатото се било wireless, кај имаат наоѓано жици археолозине кога ископувале секакви работи...се нашле, жици ненашле...
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline MartinSk

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 647
  • Gender: Male
Одг: Вицови
« Reply #361 on 14.07.2011, Thursday, 14:53:53 »
хаххахах будала си стварно хаха :)

Offline Zdravkovski

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 506
  • Gender: Male
  • elektricar
    • најдобриот електричар во Велес
Одг: Вицови
« Reply #362 on 14.07.2011, Thursday, 17:34:16 »
Ова и не е баш виц ама ајде овде го ставам  :D


’’Некогаш одамна си живееле штурецот и мравката кои биле големи пријатели. Мравката цела есен работела и спремала залихи за зимата.


Не одмарала ниту еден сончев ден. Не се напила ниту едно пиво со пријателите. За тоа време штурецот се шетал по кафани, се забавувал, пеел, свирел и уживал. Воопшто не се замарал со зимата која веќе била на вратите.



Стигнала зимата, и изморената мравка се сокрила во својот скромен дом полн со храна.

Само што ја затворила вратата, слушнала пред врата некој како чврчка.

Стоел пред ферари со кожни седишта облечен во армани одело.

Штурецот и рекол на мравката:

- Поздрав пријателе! Одам јас за Париз! Ќе може ли да ја причуваш и мојата куќа зимово?

- Па секако, рекла мравката. А, ти, како, од каде пари за да одиш во Париз? За Ферари и Армани?

- Е, драги мој – среќа. Летово додека пеев во еден локал ме чу еден познат француски продуцент со кој потпишав договор за турнеја низ Франција. Сакаш ли да ти донесам нешто од таму?

- Не фала! – рекла мравката. Но, ако го сретнеш господинот Ла Фонтен, испрати го по ѓаволите од мое име!

А, поуката од басната?

Искористете го животот и најдете вистински сооднос меѓу работата и слободното време. За премногу работа награда може да добиете само во басните на Ла Фонтен.

Не заборавајте! Уживајте во животот затоа што е единствен!

Ако не ви успее да ја најдете својата половина од портокалот, не грижете се. Уживајте во лимоните! Зашеќерете ги и со неколку коцки мраз промешајте ги во чашата...

Животот е убав!’’

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3191
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: Вицови
« Reply #363 on 14.07.2011, Thursday, 18:38:29 »
Хаха, јако... ;D
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Вицови
« Reply #364 on 14.07.2011, Thursday, 22:54:09 »
Добро е, нема што ;D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline ShAdOw

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 879
  • Gender: Male
Одг: Вицови
« Reply #365 on 16.07.2011, Saturday, 20:51:59 »
Влегува човек во полициска станица и на сет глас вели: Вие полицајците сте најглупи. На тоа се собираат сите полицајци и велат дека не е точно. Човекот им вели ќе ви поставам три прашања доколку одговорете точно не сте глупави!
1. Што е тоа мало црвено на дрво расте?
Сите ќутат, на никој не му текнува.
Човекот: Цреша.
Полицајците: Дај нешто полесно!
2. Што е тоа две мали црвени на дрво растат?
Сите ќутат, на никој не му текнува.
Човекот: Две цреши.
Полицајците: Дај нешто полесно не се зафркавај!
3. Што е тоа што ја влечи коњската кола?
Сите ќутат, само еден дига рака.
Полицаецот: Да не се ТРИ ЦРЕШИ?!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Вицови
« Reply #366 on 17.07.2011, Sunday, 15:04:53 »
А да не се три цреши !? Хахаххахахахахаах ;D ;D ;D. Овој најпаметен изгледа бил... хахахахахахаахахах ;D ;D ;D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Вицови
« Reply #367 on 20.07.2011, Wednesday, 14:00:34 »
Работна недела на еден IT специјалист. ;D ;D ;D

Понеделник

9:05

Доаѓање на работа. Кафе, читање весници.

9:20

Се јавија од книговодство, викаат дека не можат да се поврзат со accounting серверот.

Им го дадов стандардниот одговор бр.112: „Што знам... Од кај мене работи...„. Им зборев уште нешто, а потоа им реков да пробаат да го ребутираат компјутерот и да се обидат повторно.

Во меѓувреме од УПС-от го откачив кафематот (и така кафето беше при крај) и повторно го уклучив кабелот од accounting серверот... Веднаш потоа се јавија од книговодство да ми кажат дека сè е во ред и дека успеале да се закачат на серверот.

Ништо поубаво од задоволни корисници.

10:20

Кравата од маркетинг се жалела дека не и работи мрежната карта. И промумлав дека ќе ја поврзам со нашиот стручњак за комуникации и ја префрлив врската кај чуварот. Оваа модерна опрема навистина ја олеснува работата.

10:50

Шефот сврати кај мене. Демек имало многу поплаки за квалитетот на корисничката поддршка. Го прашав кој се жали. Јасно, маркетинг. Шефот рече дека ќе го среди тоа, ме извести дека нема да биде тука во остатокот на денот и отиде да игра тенис.

11:05

Овој понеделников ќе ме уништи. Напишав во книгата „отсутен поради купување дискети“ и здимив во град.

16:20

Враќање од „купувањето дискети“. Погледнав на бројачот на пораки... Беше празен. Најверојатно причината за тоа е дека не ја ни вклучив секретарката. Го средив тоа и дополнив некои напомени во дневникот.

16:25

Одење дома.

Вторник

9:10

Пак дојде шефот и пак сакаше да ми ги пренесе поплаките на таа кравата од маркетинг. Му го покажав мојот нов скрин-сејвер Хот Аманда што го симнав од интернет. Ептен му се допадна - сакаше копија па му дадов дискета и го прашав како ќе го реши проблемот со жалбите. Одговори дека најверојатно ќе вработи уште еден човек пошто јас не можам да постигнам сè сам.

9:50

Стигнав до осмото ниво во DOOM.

10:25

Се јави стручниот советник на заменикот директор за производство. Сакаше да знае како се цртале графици во Excel. Му реков дека за такви специјални барања имаме стручен советник и го префрлив повикот кај чуварот. Добро е што ги имаме тие модерни телефони.

11:00

Дојде чуварот. Рече дека постојано му се јавуваат некои луѓе и го прашуваат чудни работи. Му реков дека ќе го подучам, ако седне наместо мене покрај телефонот еден час.

Се согласи.

11:05

Одење на ручек.

14:00

Враќање од ручек. Чуварот поштено седеше покрај телефонот. Рече дека телефонот се убил од ѕвонење и затоа сите повици ги проследувал во бифето.

Типот е стварно ОК.

14:10

Почнав да го подучувам чуварот (се вика Горан) во QUAKE. Беше навистина добар ученик и после два часа ме мачкаше. Осетив дека дечково има потенцијал.

16:00

На Горан му заврши смената па завршивме и со часовите по Quake. Мене ми остана уште еден саат.

16:30

Дома...

Среда

8:30

Шефот си го одржа ветувањето и донесе нов човек за техничка поддршка. Некој си Тошко. Му ја покажав просторијата со серверот, свичот и му ставив компјутер на масата. Нешто мрчеше дека бил ептен стар компјутерот ама го уверив дека за Windows му е сосем доволен и црно-бел монитор.

9:00

Компјутерот на Тошко штотуку заврши со бутирањето. Веднаш почна да се интересира како да се прикачи на мрежата. Затоа му отворив корисничко име. Минималната должина на лозинката ја поставив на 64 карактери. Нека ужива малку и он.

9:15

Се јавија од книговодство дека им е потребно ново корисничко име за некоја нова колешка. Им кажав дека за тоа е потребен специјален формулар кој ќе биде потпишан од шефот на одделението, сите останати раководители, магационерот и директорот. Малку се чудеа ама престанаа кога им спуштив слушалка.

10:05

Се јави некоја Ирена од книговодство. Демек и требал акаунт за на мрежа. По гласот ми се чинеше дека има околу 20 години. Ја прашав за име, презиме, датум на раѓање, брачна состојба, адреса и телефон. Претпоставката беше точна. 22, немажена.

Затоа и реков дека лозинката ќе и ја дадам вечер, лично кај неа дома.

11:05

Тошко конечно го „потера“ компјутерот и почна да работи. Го пратив по цигари. Нека се учи дечкото.

11:20

Тошко ги донесе цигарите. Му го покажав упатството за АС/400 и му реков да седи покрај телефонот за да искуси и практична работа. После отидов на ручек.

16:00

Враќање од ручек. Тошко очигледно доживеал нервен слом - три саата покушавал да го стартува accounting серверот. Му реков дека е кретен и пак го пратив по цигари. После тоа пак го приклучив мрежниот кабел на accounting серверот. Сликата на телевизорот се расипа малку после тоа ама сепак работата има предност.

16:10

Секретарката од кадрово праша како се правела проверка на спелингот во Word. И реков да ја искористи кратенката Ctrl + Alt + Delete на тастатурата. Се заблагодари и ја спушти слушалката.

16:30

Го фатив Тошко во WC како чита огласи за работа.

Си помислив како денот успеал во потполност и си отидов дома.

Четврток

8:30

Пак се појави шефот (зар ќе доаѓа вака секое утро, па не можам ни весник да прочитам), ама за среќа имаше добри вести. Тошко се јавил дека веќе нема да доаѓа на работа. Му реков на шефот дека денес е стварно тешко да се најде некој што вреди. Мислам стварно!

Да го делам ова убаво местенце со уште некој...

8:55

Се јави некој од логистика, демек немал некои фонтови. Го прашав каков чип има на графичката карта и се разбира не знаеше. Му реков прво да ги дознае сите информации за својот компјутер па после да ме бара.

9:15

Пак се јави оној од логистика. Дознал дека чипот на видео картицата немал врска со фонтовите. Му одговорив дека не го прашав за видео картичката туку за графичката картичка. Се извини, рече дека ќе дознае и спушти слушалка.

9:30

Се јавија од сметководство, дека на фактурите наместо Ќ и Ѓ им се појавувале апострофи.

Тоа беше веќе втор проблем со фонтови денес па им ветив дека ќе средам. По кратко размислување решив централно да ги променам сите шаблони за документи. Ставив бели букви на бела позадина, а за секој случај ставив дефолт фонт да биде Wingdings.

10:00

На сред 4 ниво на Quake налета Горан, па игравме со него преку мрежа и здробивме некој морон од второто одделение. Притоа му напишавме дека е патетичен кретен и дека појма нема како се игра.

12:00

Горан ме праша дали сакам да одам со него на ручек. Размислив колку само дебилни прашања за фонтови ме очекуваат и отидов со него. После не се ни враќав на работа.

Петок

9:00

Доаѓање на работа. Читање весници.

9:25

Се јави некој цреп од правна служба. Ја заборавил лозинката, па го советував да ја искористи специјалната процедура ФДИСК. Се заблагодари и спушти. Боже зар и вакви кретени има?

9:35

Пак се јави тој од правна служба. Проблемот со лозинката е решен ама се појавил нов. После бутирањето му пишувало Error accessing Drive. Му реков дека е тоа хардверски проблем и дека му треба нов компјутер.

10:15

Малер: кретенот што го матљавме вчера во Quake бил шефот. Улета бесен како рис кај мене во канцеларијата и не реагираше ни на мојот нов Playboy скрин-сејвер.

Од понеделник имам шут карта.

10:30

Го правам истото што го правеше Тошко. Читам огласи за работа и се јавувам на некои од нив. Во паузите помеѓу телефонирањето ги дотерувам макроата, ја додавам наредбата Delete Document. Без добра системска поддршка ниедна фирма не може да биде успешна.

11:15

Најдов нова работа. Уствари потполно иста функција како и овде само во подобра фирма.

На одење пуштам црв во мрежата, го менувам распоредот на локалите на телефонската централа, ги поништувам сите шифри за влез во зградата и си ја пакувам шољата за кафе
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Одг: Вицови
« Reply #368 on 20.07.2011, Wednesday, 17:03:24 »
wooow :) не знаев дека ваков живот ме чека :)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Вицови
« Reply #369 on 20.07.2011, Wednesday, 23:40:52 »
 Некој човек го прашал попот:
- Оче,како летово ?
- По парастаси претежно синко..
- Ау,после речи поповиве сте без пари.. само на некои ексклузивни места по Грчка шетате!!

Offline Djpes

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 64
  • Gender: Male
Одг: Вицови
« Reply #370 on 21.07.2011, Thursday, 12:28:58 »
Мајко мајко што има за манџа?   бурек сине. Ај клајмиго во крајшник.

мајко ај купими сендвич!  ееее вчера ти купив без леб го изеде.

мајко сакам сендвич.   ајде доста ете јади љубејнца кај ке најш вода во сендвичот

Се возат во авион македонец француз и американец и треба да погодат над која држава летаат.
американецот ја вади раката од џамо и ги фака кулите близначки. и над америка вели летаме и погодил
Французот ја вади раката ја допира ајфиловата кула и погоди и тој
Македонецот ја вади раката и по една минута ја прибира внатре и вели над македонија
погодил и сите се чудат како пододи ?
а тој му вели па ми го снема сатот од раката


ги викна господ американецот, русинот и македончето кај него и прв во собата влегва американецот господ му вели: вие американците ако не престаните да се мешате секаде во светот со ова топчето ке ве избришам од картата и нема да постојте појке.
овај излегва и плачи корни
-влегва русинот и господ му вели: вие русите ако не престаните со произведуванје оружје со ова топчето ке ве избришам од картата и нема да постојте појке
и русинот излегва и плачи корни
-влегва македонецот и господ му вели вие македонците ако не престаните со крадење со ова топчетоо..... еј кај ми е топчето ?!?!
излегва македонецо насмеан и овие двајца го прашват шо му рече него: а македонецо му вели ми рече ке е избришел со топчето ама јас му го украдов топчето и сега на... со ке ме избриши

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Вицови
« Reply #371 on 21.07.2011, Thursday, 14:21:27 »
Стари вицови се, ама добри ;D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline ShAdOw

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 879
  • Gender: Male
Одг: Вицови
« Reply #372 on 21.07.2011, Thursday, 16:24:30 »
Зоки Поки ја прашува учителката:
- Госпоѓо, може ли децата да имаат деца?
Учителката одговара:
- Зоки, тоа е невозможно!
Зоки се врти кон Марика:
- И од што те е страв, глупачо?

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Одг: Вицови
« Reply #373 on 21.07.2011, Thursday, 17:09:29 »
од кога зоки поки е во вицови бе...си се знае трпе, трајче, мујо, хасо, фата тие се за во вицови, првпат гледам виц сега со зоки поки....иначе закон  е вицот со него..
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Вицови
« Reply #374 on 22.07.2011, Friday, 16:05:34 »
Знаеш дека си Македонец на одмор кога...

1. Стани во 4 сабајле и зафати 6 лежалки- 2 на сонце, 2 на сенка и 2 за секој случај. После врати се у кревет и спиј до 12 на пладне.

2. На просечен Македонец му требаат 8 квадрата - 5 за пешкирот и 3 за апостолките

3. Треба да се понесе лап топ, ајпод, блекбери, камера, транзистор и апарат за да се прати слика на фејсбук.

4. Книга не смее да се носи, тежи.

5. Ако немаш сунцобран, намести се така сунцобранот на комшиите да те покрива тебе после ручек. Не си ти крив што не испланирале.

6. Радиото треба да свири турбо фолк, а мобилниот Бах.

7. За деца до 12 г нема потреба да се инвестира во купачи. Деца се.

8. Децата најдобро се повикуваат да излезат од вода од 200-250 метри, со јака децибелажа.

9. Ако не излезат, најдобро е тука на лице место да ги истепаш. Да се види кој е алфа-мејл.

10. Најголем гушт е лубеница да се јаде на плажа, а корупките да се остават ПОКРАЈ кантата. Да не се мачат осите да влегуваат во кантата

11. Цигарите најубаво се гасат збрцани у песок. Со кармин на пикавецот, да се знае која е лејди

12. Свекрвата најубаво се оговара на плажа и тоа со новата пријателка од Врање 5 лежаљки подалку од твојата.

13. Ако не ти е е сменета постелината сабајлето, на рецепција се правиш пуздер! Зашто дома секој ден ја мењаш.

14. Пивнуваш пиво, одиш на пливање и после зимаш ново, ладно. Затоа е ол инклузив!

15. Кога ручаш, децата треба да трчаат наоколу по другите маси, после да заспијат поубаво.

16. Ако ти заѕвони мобилен, викај погласно, зашто те бараат дур од Македонија па не се слуша

17. Купачите најубаво се сушат опнати на сунцобранот горе.

18. Шведската маса е за да земеш од се и најдобро во ист тањир - кој вика дека не идат риба и баклава?

19. Не си бил на море ако не купиш оригинален Луј Вутон на плажа.

20. На децата им купуваш свирчиња, зашто вувузелите се потрошиле.

21. Кога цел хотел ќе си легне, искачаш на балкон и играш јамб или табла со пластични коцки до 4 сабајле. Пред да легнеш, одиш и ги местиш пешкирите за утре.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."