Во јавен нужник, додека во едната кабина некој човек се мачи да изврши „големанужда“, во другата влегол друг човек, седнал, испуштил едно „ах“и се слушнало „плоп“. Оној од првата кабина му дофрлил:
- Ех, блазе си ти колку брзо заврши!
-Абе што блазе си ми, ми падна мобилниот !
Споено мислење: [time]20 Март 2011, 15:06:14[/time]
Разговараат двајца хакери:
- Го знаеш оној поглед кога на девојката од очи и’ се гледа дека сака да легне со тебе...
- Не го знам.
- Ни јас.
Споено мислење: 20.03.2011, Sunday, 15:07:12
Босанец, Хрват и Црногорец дошле малку порано на железничката станица, па седнале да испијат по некоја ракија.
Меѓутоа, се запиле, па задоцниле на воз. Кога истрчале на перонот возот веќе тргнал. Се затрчале сите тројца по возот и – како и во секој виц, Црногорецот прв се откажал. Хрватот трчал уште малку, па и тој се откажал. Но Босанецот се заинаетил, па запнал да трча сè посилно и посилно, ја испружил раката, се фатил за некоја шипка, ја зграпчил, се префрлил и влетал во возот ко Индијана Џонс.
А Хрватот и Црногорецот целите задишани и зачудени гледаат во него, по што Црногорецот рекол:
- Види го животно, а дојде само да нè испрати!