Умира полицаец и оди на небо.Таму на маса Господ и Свети Петар го прашаат каков бил за време на живот.Полицаецот рекол дека се раководел само по законот.Го пратиле прво во рајот.
Следниот ден се бунат од рајот -вели не ни дава да се возиме со брзи коли,легнува на патот како лежечки полицаец!Точно ,вели полицаецот - еве читајте го законот! Добро ,му рекле оди да видиш каков е Пеколот.Следниот ден ѓаволите се бунат - абе дојде еден и се по 50 евра не казнува,де за пушење ,де за палење оган! Се е по законот-рекол полицаецот.
Се налутил Господ-ај некој ден во чистилиште,да размислам што со тебе! Утредента гужва,галама,нервоза,иљадници се буткаат на патот кој води до раскрсницата рај-пекол! А таму-нашиов полицаец со свирче стои и наизменично пропушта!
Е,рекол Господ,нема за тебе тука место,те враќам назад! И утредента слуша Господ ѓурултија од земјата и се смее! Св,Петар го прашал што се смее,што стана со полицаецот?
Господ рекол - ене го се буни и сака пак овде! А ,зошто Господе? Го пратив назад по казна да собира докази на * Перо Наков * бб!