Убава е идејата, мада ова што е во Хрватска сигурно не е самофинансирано туку е финансирано од страна на некое министрество, како на пример Министерството за Култура, или така нешто. Ние во мопментов имаме многу поголеми проблеми, така да мислам дека не и е приоритет на власта да финансира вакви проекти. Погледнете го само списанието Емитер, 15 години излегува без никакв финансиска помош од државата, а е единствено списание за техника и електроника во Македонија (поради недостатокот на финансии списанието мораше да се преориентира општо кон техниката, а не само кон електрониката како наука), а секакви трачерски списанија имаат поддршка од стана на Минстерството за Култуира (или кое и да е министерство). Поентата ми е дека најверојатно „Македонскиот Радио Музеј“ ќе остане само како topic на форумов, и ништо повеќе од тоа :S.
Како и да е, back on topic, ако сакате, јас можам да ставам слики (мислам и дека имаше некаде на форумов, само треба да ги префрлам) од едно старо „лампашко“ радио/грамофон, само што му го нема грамофонот, производство на Ei-Nis, мислам дека моделот беше „Delux ...“, не ми текнува сега.
Споено мислење: [time]28 Ноември 2010, 21:26:19[/time]
Еве го, моделот бил Melodija RG 71, малку во очајна состојба е, ама тоа е тоа :S. Планирав едно време да го репарирам, ама никако да најдам време :S.
Еве и детални слики од поврзувањето и искористените ламби, ако некој случајно има исто радио, па ги има извадено ламбите и не зане каде треба да ги врати
.