Првиот детектор го направив далечната 1974 година во Пула во едно летувалиште спроти Бриони,во извидничкиот камп на час по радио-аматеризам
Имав од тогаш една книга,брошура со разни извиднички вештини и внатре опис на изработка.Кога се вратив дома,половина година не можев да најдам кристална диода
,а за слушалки да не зборуваме.Се зачленив во радио-клубот и од таму ми дадоа некои делови и слушалки(кои ги имаа цел куфер,ама не ги даваа!
). Е покојни чичко Перо ме зема под свое и ми објасни како се мота и фиксира калем,како се прават изводи,како се врзува антена итд. Цело маало навечер слушаше на тој детектор,а беше право чудо кога покрај Скопје и Велес,една вечер успеавме да слушнеме и некои арапски и италијански станици.
Споено мислење: 27.11.2010, Saturday, 22:58:09