10.000uF малку се, барем 20.000uF ќе треба по еден канал (ако еден канал е 250W), значи 2 X 20.000uF по канал (еден од маса до +Vcc, другиот од маса до -Vee) за да можеш да бидеш до некаде барем сигурен дека нема на засилувачот да му паѓа напопнот и дека добро ќе биде исфилтриран напојувачкиот степен. Инаку, јас лично кога би го правел, пос 30.000uF не би ставил од (2 X 30.000uF по канал). Што е сигурно, сигурно е
. Можеби е малку предимензионирано, ама пак
.
Инаку, обично за волку големи кондензатори не се прави плочка, се лепат заедно (со изолирбанд, пиштол на пластика, што и да е) и се врзуваат жичано. Не се исплати да правиш плочка за волку едноставна конструкција, плус, само проблеми може да прави плочка во овие случаи
.