Малер сум за некои работи, па и за ова се покажа дека сум, ми прегоре грејната жица за „фенот“ :S. Ја преспоив, ама голем дел од неа беше стопен, па сега е премногу кратка жицата и влече премногу струја, па ми е страв да не го расипам леткумот и решив да барам нова грејна жица, само што не знам каде да барам :S. Грејната жица е нисконапонска (за низок напон, значи би требало да има помала отпорност во однос на високонапонската грејна жица, како за фен на пример), мислам дека и се испорачува напон од 24V (барем според стабилизаторите кои ги видов во внатрешноста на уредот, мада не ме земајте за збор треба да измерам). Дебелината искрено не и ја знам, мада изггледа како да е 0.5mm, или 0.3mm, не ме земајте за збор, ако е потребна и таа информација, ќе измерам, не е проблем
.
Значи проблемот е, каде да најдам ваква грејна жица
. И ако може да се најде во Македонија, по која цена може да се најде. Побарав низ неколку продавници за електронски компоненти (вклучувајќи и Loging), ама никаде не најдов, побарав и во Iskra, но и таму немаа.
Еве и две слики, за да имате претстава колку е дебела грејната жица и за споредба ставив и еден друг редмет со претходно позната големина (за да имате подобра орентација колку е дебела грејната жица
).
Било каква информација е добредојдена
. Благодарам однапред
.