Јас лично би земал оригинал, не дека сум некој опасен fan на телефони (мислам дека повеќето знаат каков телефон имам
), ама оргинал си е оргинал, ако не повеќе барем година дена гаранција имаш, па што и да се случи во тие година дена, ако не се прави ќе ти дадат нов, а вака... кој знае што може да се случи :S.
Огромна предност е тоа што може да работат со 2 SIM катички истовремено, тоа не викам не, особено во време кога има 2, 3, 4 мобилни оператори на државно ниво, но ако бирам, би земал Индиски телефон, баш гледав на net, имаше една Индиска фирма што произведува мобилни телефони кои поддржуваат дури 4 SIM картици
. Како се викаше фирмата, не ми текнува сега, но знам дека телефоните не им беа нешто скапи, околу 70евра за телефон со камера (2Mpix), MP3 плеер, Bluetooth... повеќе од доволно за 70 евра, а читав и критики дека телефоните се покажале доста квалитетни, баш некои американци имаа оставено критика дека коистат некои од нивните модели и дека до сега немаат никаков проблем со нив
. Единствен проблем е (како што нагласија) дека има слаба поддршка за надградба на софтверот, во пинцип, како го купуваш, така го користиш, нема некои значителни software upgrades кои ги нуди фирмата, или ако има, има еднашна две или три години. Јас дури едно време се „нафурав“ да нарача телефон таков од Индија (ме привлече multi-SIM опцијата, со едни зборуваш од една SIM, со други од друга, итн, поевтино да те фати нели), ама се откажав дека VIP многу ги спушти цените, па си купив и едно VIP бројче за евтино да зборам со остантите, и така ми остана, само како идеја... :S