До каде ви е дизајнот ?
има нешто напредок или ич, направи некој нешто ?
Сеуште е на хартија, имаше некои измени од првичниот дизајн, плус, некои компоненти не ми се пресметани и треба да видам дали со вредностите кои ги имам „лупнато од ракав“ ќе работи како што треба (не заради друго, за дел од околните компоненти во application sheet-от нема податоци, само се дадени вредности, па јас нешто врз база на интерен блок дијаграм од колото „од прилика“ претпоставив кои може да бидат
). Како и да е, поентата е дека најверојатно колото ќе работи на неговите максимални вредности, така да, ќе треба да се обезбеди добро ладилно тело и уште некои други додатни кола за да може и при тие максимални вредности да не изгори :S. Штета што не имаа некое коло чија што немена баш била стабилизриани извори за напојување :S. Ова коло е супер, ама не му е првичната намена тоа :S. Можно е да имам проблеми со струјната регулација и нејзината минимална вредност, но тоа ќе го проверам кога ќе фатам да го направам на protoboard бидејќи треба да видиме колку повеќе може колото да издржи од некои минимални и максимални вредности специфицирани од производителот (често се случува минималните спецификации да се ставени „пошто зашто“, колку да не биде без ништо, а колото да може да издржи и многу повеќе од тоа). Пред се ќе имам проблеми со филтрирањето, поентата е да биде калемот мал, ама тоа па ќе ја зголеми вредноста на филтерскиот калем :S. Некој компромис треба да се најде :S.
Шемата и пресметките не ми се моментално пред мене, но ако сакаш, може да ги скенирам и да ги ставам на форум, па ако некој има идеја како да се реши некој проблем, нека пише
.