Кристијан,
1. Феритно јадро кое би било најпогодно за оваа апликација е FER-T32X19X13P (86 ден.). Можете да го мотате во повеќе слоеви со жицата со која сте тестирале (1.4mm) и со мерење и експериментирање да добиете индуктивност колку што ви треба. Ваков еден индуктивитет ќе одговара само за едниот канал од вашето напојување. За другиот канал треба да направите уште еден идентичен калем. Бидејќи каналите на напојувањето ќе бидат независни, за добивање на симетричен напон ќе треба да ги поврзете сериски, со тоа струјата ќе биде исто така максимум 4А а напонот би бил двојно поголем. Значи не ви треба калем за 8А.
2. Диода BYW80 немаме. Може како замена да ја препорачаме диодата BYW29/200 (симнете datasheet и проверете дали ќе ви одговара), цената е 63 денари.
3. Трансформатор 2x35V/300VA би одговарал за таа апликација, цената е 2574 денари.
Добро, во право е за првата точка (малку сум избрзал со пресметките), колото пак ќе се затвора преку маса бидејќи се врзани двете точки (или ако не се, ќе ги врземе со краткоспојник, што мислам дека е подобра опција, најдобро е да има два засебни калема трафото, 2 X 35V, а не два со еден заеднички извод). Но сепак, јас барем би го правел повторно предимензионирано напојувањето. Мада можеме малку да немалиме, на пример место 1.4mm жица да се стави 1.2mm, ама ако можеме да најдеме :S.
Мада морам да кажам дека најдобро решение е со торусно јадро, а не со феритно лонче, ама ако не можеме да најдеме поголемо троусно јадро, тоа е тоа, ќе работиме и со феритни лончиња. Торусните јадра се добри бедејќи не прават пречки на околните компоненти (магнетното поле останува во јадрото), затоа и сакав да го изработиме со торусно јадро, но ако не можеме да најдеме некое поголемо да се продава некаде, тоа е тоа.
Инаку цената на трафото е скапа, ама мене ми беше понудено 2X30V 200VA трафо во BT за скоро истата цена (2500 денари), така да и не е баш нешто преголема цената, во споредба со цената во BT подобра е оваа цена (100VA добиваш плус за скоро истата цена
).