Батка кога мерам кај диодите инструментот свирка ама како и да е ке ги сменам диодите во исправувачкиот блок (може со било која насочувачка диода така ?) а кондензаторот мора да биде од тој како стариот елко или може од новиве електролитски кондензатори ?
Прво види дали доаѓа назименичен напон до исправувачките диоди, одлеми ги жиците/пиновите преку кои се спојуваат жиците на секундарот на трансформаторот со исправувачките диоди, ако не дава напон, значи проблемот е во трансформаторот, ако дава наизменичен напон, значи одиме понатаму, ќе измериш дали на излез од грецот има еднонасочен напон. Ако нема (или е многуи мал, од редот на mV), го вадиш филтерскиот кондензатор (случајно да не е пробиен) и го исклучуваш останатиот дел од колото (случајно некој понатамошен дел од колото да не е неисправен), ако има еднонасочен напон после грецот со изваден филтерски кондензатор (можеш да му ставиш некој „тест“ кондензатор, колку да немаш брум, ама биди сигурен дека е исправен), го враќаш назад филтерскиот кондензатор и пак мериш. Ако има еднонасочен пон после грецот и филтерскиот кондензатор, значи некој натаможен дел од колото е неисправен и треба да се вади дел по дел и да се мери напонот по вадењето на секоја компонента (напонот на влез на таа компонента пред и по вадењето). Во ринцип, така се сервисираат повеќето од кваровите во напојувачката секција
.