На твоето радио имаше два вида дисплеи (има на шема!)Не знам кој е кај тебе,ама мислам дека е проблем во напонскиот дел.Провери прво дали иде напон до трафо,дали излегува напон од трафо,дали се добри двата осигурувачи.Потоа оди мери напон на елко 1000мФ(еден е тој ,поголем) = 19 В еднонасочен треба да имаш.Ако е до тука во ред оди на стабилизатор: провери ги двата тр. ,зенерката = треба да излегува 12В.Ако и тој напон го има ,на пин 13 на ИК треба да има 12В.Поврзи на излез од стабилизаторот(на сијаличката со отпорот ) + и - 12В од некој стабилизиран исправувач и треба ако е дуго исправно да свири радиото,без саатот.Саатот добива такт и напојување од засебен секундар на трафото.