Author Topic: Каков инструмент користите ?  (Read 130441 times)

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3188
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Re: Каков инструмент користите ?
« Reply #165 on 30.01.2019, Wednesday, 10:20:30 »
Го имаш овој нарачано за тебе, пошто и ја го меркам одамна? ;)
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 734
  • Gender: Male
Re: Каков инструмент користите ?
« Reply #166 on 30.01.2019, Wednesday, 17:46:14 »
Богами за тие пари (~25$) е одличен, ме настрви и мене :)
Само продавачот кој го нуди за тие пари ми е малку дискутабилен!



Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Каков инструмент користите ?
« Reply #167 on 30.01.2019, Wednesday, 18:23:20 (Edited 30.01.2019, Wednesday, 21:35:53) »
Го имаш овој нарачано за тебе, пошто и ја го меркам одамна? ;)

Да, го нарачав и стигна, уште пред некој месец ;). Сакав да отворам и тема за него и за модификација да работи на 9V батерија, ама не сум имал време :-\.

Само продавачот кој го нуди за тие пари ми е малку дискутабилен!

Па не мора баш од него, скоро сите по цена се тука некаде, 25, 26, 27 долари... не е некоја голема разлика ;).

Освен тоа, стига заедно и со торбичка :P :D.

А зошто сомнителен... има над 18000 продажби, не би рекол дека е сомнителен ???... од 2010 член, скоро 98% positive feedback... не би рекол дека е сомнителен ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 734
  • Gender: Male
Re: Каков инструмент користите ?
« Reply #168 on 30.01.2019, Wednesday, 19:55:48 »
Фидбек има 97,8%, да член од 2010 ама во дуќан има „само“ 16 артикли, е баш тоа го прави малку сомнителен но како и да е PP е гаранцијата за нас купувачите. :)
И да, може од друг продавач да се нарача мада не налетав по слична цена 26/27$, но ајде, кога ќе направиш едно ривју можда ќе се кандисам за малку посовремен мултиметар. :) Можеби до тогаш и ќе му падне цената за некој долар. :D

@GigaWatt
Ти баш од тој продавач го зеде?



Offline Zdravkovski

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 506
  • Gender: Male
  • elektricar
    • најдобриот електричар во Велес
Re: Каков инструмент користите ?
« Reply #169 on 30.01.2019, Wednesday, 20:22:05 (Edited 30.01.2019, Wednesday, 21:01:20) »
Code: [Select]
http://www.eevblog.com/forum/testgear/uni-t-ut890d-cheap-accurate-multimeter-for-very-tight-budgets/јас го користам овој инструмент пола година според мене си вреди за секое париче

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 734
  • Gender: Male
Re: Каков инструмент користите ?
« Reply #170 on 30.01.2019, Wednesday, 20:57:18 »
Предлогот од GigaWatt е далеку подобар.



Offline Zdravkovski

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 506
  • Gender: Male
  • elektricar
    • најдобриот електричар во Велес
Re: Каков инструмент користите ?
« Reply #171 on 30.01.2019, Wednesday, 21:25:31 »
може и да е не викам не, но мене повеќе ми значи да мери 20А струја од ауто рејнџ и други тракатанци, како што имам пишано поназад на темава професионално на работа користам мастеч унимер и струјна клешта но овој некако ми е по добар,
п.с мислењето е сујективно и не мора да е така ;-)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Каков инструмент користите ?
« Reply #172 on 30.01.2019, Wednesday, 21:25:50 »
Фидбек има 97,8%, да член од 2010 ама во дуќан има „само“ 16 артикли, е баш тоа го прави малку сомнителен но како и да е PP е гаранцијата за нас купувачите. :)

Јас повеќе се потпирам на eBay money back guarantee ;). Имам еднаш покренато dispute преку PayPal, не излезе работата како што треба... треба да искомуницираат со eBay и на крај излегува работата „расипан телефон“. На eBay, директно си комуницираш со продавачот, ако покренеш case, имаат директен увид во разговорите меѓу тебе и продавачот... чиста работа ;).

И да, може од друг продавач да се нарача мада не налетав по слична цена 26/27$, но ајде, кога ќе направиш едно ривју можда ќе се кандисам за малку посовремен мултиметар. :) Можеби до тогаш и ќе му падне цената за некој долар. :D

Моја груба проценка: има шанси да падне до кај 20 долари (можеби долар или два плус), ама за една година од сега, не во наредни неколку месеци.

Ти баш од тој продавач го зеде?

Да, од тој го земав ;). Обично не проверувам продавачи бидејќи сеедно ми е кој е, само гледам да има добар feedback и број на продажби, друго не гледам, така да, искрено, не знаев од кого го имав купено, но сега проверив, да, од тој продавач го имам купено ;). Ама тој sale веќе го нема, најверојатно има направено нов sale ;).

Code: [Select]
http://www.eevblog.com/forum/testgear/uni-t-ut890d-cheap-accurate-multimeter-for-very-tight-budgets/јас го користам овој инструмент пола година според мене си вреди за секое париче

Нешто поевтин е од VC99, ама не се исплати за парите... барем според мене. VC99 е со auto range, а UT890D е со manual range. Јас барем одамна се откажав од унимери со manual range. Ми досади од менуање на подрачја кога ќе се зголеми напонот. Прашање е само колку е брзо времето на реакција на auto range-от, што може да потврдам дека е многу брзо, побрзо во однос на оној кој го користев претходно (Voltcraft VC820). Згора на тоа, VC99 има bar graph за читање до каде си во range-от, што е многу корисно и слично на она што покажуваа аналогните инструменти. Мене многу ми се најде тоа при мерење на „пумпање“ на еден напон во SMPS напојување, што скоро и не може да се види со дигитален инструмент, само со аналоген или со осцилоскоп, но поради bar graph-от, веднаш се забележува со VC99.

Единствена маана му е тоа што работи на 3V (две батерии), ама како што реков, и тоа се преправа, може да се направи да работи на 9V-ни батерии, при што може да се користат и „званично“ празни 9V-ни батерии, само да е напонот нешто над 4V и нема проблем, си работи се како што треба ;).

Да не бидам сватен погрешно, сигурно е одличен мултиметар UT890D, но јас лично барем, сепак би се одлучил за VC99, иако е за нијанса поевтин UT890D. Uni-T се сега веќе „докажан“ бренд во производство на полупрофесионална мерна опрема, затоа им се и цените нешто повисоки во однос на Кинеските no name мутиметарчиња.

Еве го и на ebay UT890D.

Code: [Select]
http://www.ebay.com/itm/202102327714


може и да е не викам не, но мене повеќе ми значи да мери 20А струја од ауто рејнџ и други тракатанци, како што имам пишано поназад на темава професионално на работа користам мастеч унимер и струјна клешта но овој некако ми е по добар,
п.с мислењето е сујективно и не мора да е така ;-)

До 20A мери и VC99 ;). Повеќето унимери во денешно време, без разлика дали се со auto range или не, освен оние „петпарачнине“ од пазарче, мерат до 20A ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Zdravkovski

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 506
  • Gender: Male
  • elektricar
    • најдобриот електричар во Велес
Re: Каков инструмент користите ?
« Reply #173 on 30.01.2019, Wednesday, 21:32:20 »
во право си сега видов дека и тој е до 20А,  исто битен фактор тогаш ми беше и цената да не ги надминам оние фамозни 24 евра/долари за да не плаќам царини/ддв што и да беше, јеб*га семеен човек сум и секој денар е битен.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Каков инструмент користите ?
« Reply #174 on 30.01.2019, Wednesday, 21:45:50 »
Јасно, јасно, нема збор ;).

Мислам дека ја имаа кренато границата за царина и ДДВ над 150 евра. Имам нарачувано неколку пати работи со цена над 50 долари, не ми заглавиле на царина ;). На еден од нив ја пишуваше и цената (мислам дека беше околу 70 долари), ми го дадоа, немаше никаков проблем ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 734
  • Gender: Male
Re: Каков инструмент користите ?
« Reply #175 on 30.01.2019, Wednesday, 22:18:45 »
Колку повеќе разгледувам за VC99, толку повеќе ми се допаѓа. :) Имат шанси да оди фкошница. :D



Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Каков инструмент користите ?
« Reply #176 on 30.01.2019, Wednesday, 23:34:48 »
Одлично инструментче е, нема да се каеш ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline DL1BT

  • Нов член
  • *
  • Posts: 34
Re: Каков инструмент користите ?
« Reply #177 on 30.01.2019, Wednesday, 23:42:48 (Edited 31.01.2019, Thursday, 02:20:39) »


Улов од локалниот „бувљак“ (читај: локалната пазар3/реклама5 страница) за 25 евра. Во неработна состојба, но после мало дебирање - проблемот пронајден и поправен :-) Сега ќе ужива во нов и топол дом!

Проблем: не можност за мерење на било што - сомнеж дека front end-от е расипан - или заштитен елемент изгорен или немање на контакт. Сомнеж: влезна отпорност на напонско подрачње >50 мега оми. Причина:



Неможе да се забележе, нели? :-) А сега?


Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Затоа прелемувам скоро се што ќе купам, особено ако е на старо или нема гаранција (во превод, купено од интернет :P :D). Јас би прелемил се кај тој инструмент. Сигурно има уште некои ладни лемови. Можно е да е чуван во екстремни услови (во подрум), па затоа му се случило тоа. Не верувам дека Fluke толку ниско ќе паднат со QC.

Од друга страна пак... гледајќи ги лемовите на шантот и некои други компоненти... се гледа дека штеделе на калај... кој знае, можеби навистина Fluke паднале толку ниско :-\... за жал.

Во секој случај, добар улов, со среќа да си го користиш ;). Одлично инструментче, колега има вакво, одлично работи и брзо реагира auto range-от ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline DL1BT

  • Нов член
  • *
  • Posts: 34
Re: Каков инструмент користите ?
« Reply #179 on 31.01.2019, Thursday, 09:39:15 (Edited 31.01.2019, Thursday, 17:43:35) »
Не е до лемот, на втората слика се гледа подобро - 1206 делот е калемче (5uH) и е оштетено - напукнато. Отпосле се сетив дека и Дејв (eevblog) имаше ваков проблем со неговиот Брајмен, па по копање по eevblog форумот видов дека не сум единствен со тој проблем. Претпоставувам лоша серија на калемчиња?

Мислам дека баш овој е паднат, прилично јако, затоа што и базерот внатре беше оштете (заменски дел се чека да стаса), а и батериското капаче распукнато... but, all in all, супер ми дојде :-)

Од друга страна, на работна маса дома имам:



и



Кај и да е ќе се ослободам од ракалот, иако е супер инструмент, ненормално е спор.