Фидбек има 97,8%, да член од 2010 ама во дуќан има „само“ 16 артикли, е баш тоа го прави малку сомнителен но како и да е PP е гаранцијата за нас купувачите.
Јас повеќе се потпирам на eBay money back guarantee
. Имам еднаш покренато dispute преку PayPal, не излезе работата како што треба... треба да искомуницираат со eBay и на крај излегува работата „расипан телефон“. На eBay, директно си комуницираш со продавачот, ако покренеш case, имаат директен увид во разговорите меѓу тебе и продавачот... чиста работа
.
И да, може од друг продавач да се нарача мада не налетав по слична цена 26/27$, но ајде, кога ќе направиш едно ривју можда ќе се кандисам за малку посовремен мултиметар. Можеби до тогаш и ќе му падне цената за некој долар.
Моја груба проценка: има шанси да падне до кај 20 долари (можеби долар или два плус), ама за една година од сега, не во наредни неколку месеци.
Ти баш од тој продавач го зеде?
Да, од тој го земав
. Обично не проверувам продавачи бидејќи сеедно ми е кој е, само гледам да има добар feedback и број на продажби, друго не гледам, така да, искрено, не знаев од кого го имав купено, но сега проверив, да, од тој продавач го имам купено
. Ама тој sale веќе го нема, најверојатно има направено нов sale
.
http://www.eevblog.com/forum/testgear/uni-t-ut890d-cheap-accurate-multimeter-for-very-tight-budgets/
јас го користам овој инструмент пола година според мене си вреди за секое париче
Нешто поевтин е од VC99, ама не се исплати за парите... барем според мене. VC99 е со auto range, а UT890D е со manual range. Јас барем одамна се откажав од унимери со manual range. Ми досади од менуање на подрачја кога ќе се зголеми напонот. Прашање е само колку е брзо времето на реакција на auto range-от, што може да потврдам дека е многу брзо, побрзо во однос на оној кој го користев претходно (Voltcraft VC820). Згора на тоа, VC99 има bar graph за читање до каде си во range-от, што е многу корисно и слично на она што покажуваа аналогните инструменти. Мене многу ми се најде тоа при мерење на „пумпање“ на еден напон во SMPS напојување, што скоро и не може да се види со дигитален инструмент, само со аналоген или со осцилоскоп, но поради bar graph-от, веднаш се забележува со VC99.
Единствена маана му е тоа што работи на 3V (две батерии), ама како што реков, и тоа се преправа, може да се направи да работи на 9V-ни батерии, при што може да се користат и „званично“ празни 9V-ни батерии, само да е напонот нешто над 4V и нема проблем, си работи се како што треба
.
Да не бидам сватен погрешно, сигурно е одличен мултиметар UT890D, но јас лично барем, сепак би се одлучил за VC99, иако е за нијанса поевтин UT890D. Uni-T се сега веќе „докажан“ бренд во производство на полупрофесионална мерна опрема, затоа им се и цените нешто повисоки во однос на Кинеските no name мутиметарчиња.
Еве го и на ebay UT890D.
http://www.ebay.com/itm/202102327714
може и да е не викам не, но мене повеќе ми значи да мери 20А струја од ауто рејнџ и други тракатанци, како што имам пишано поназад на темава професионално на работа користам мастеч унимер и струјна клешта но овој некако ми е по добар,
п.с мислењето е сујективно и не мора да е така ;-)
До 20A мери и VC99
. Повеќето унимери во денешно време, без разлика дали се со auto range или не, освен оние „петпарачнине“ од пазарче, мерат до 20A
.