Должината на каблите претпоставувам треба да биде иста како и оригиналните кабли?
Или тука некаде... јас нешто подолги ги направив, ама не мерам на милиоми со нив, така да, задоволува прецизноста
.
Инаку и јас имам едни сонди што се ептен тенки и остри, се боцкам и јас од време на време.
Вакви ми дојдоа со тестерот за LED диоди. Сакав на времето да купам вакви, ама еден пријател имаше земено и случајно ги цвикнал, па ми покажа колку е дебел кабелот внатре... неколку лицни
.
Без разлика, веувам дека сите купечки евтини сонди се вакви, со тенки лицнасти кабли во нив, па затоа решив мои да си правам
. Ако не повеќе, барем знам колку дебел и каков кабел сум искористил
.
Користам и купечки, ама почесто ги користам овие моите, што ги имам направено
.
Инаку, да, овие со врвчиња се многу добро решение, но како што претпоставував, не се челични врвовите
. Некое железо се, така да, се виткаат и тапат и треба да ги остриш од време на време. Ги острам и пазам тие на LED тестерот, ама само поради тоа што поретко го користам како инструмент и најчесто стои во фиока. Ако редовно го користев, и за него ќе направев вакви, какви што имам направено
.