Author Topic: Програма за продавници со поддршка за фискални апарати  (Read 14427 times)

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Програма за продавници со поддршка за фискални апарати
« Opened on 18.11.2009, Wednesday, 15:54:24 (Edited 17.10.2014, Friday, 18:28:09) »
Програма (Универзална Продавница) за работа со различни фискални апарати можете да најдете овде:

Code: [Select]
http://www.uprodavnica.com
Во програмата се поддржани касите и печатачите на Accent (Synergy), David (Mak Elit) и фискалните апарати Handy.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline kosturon

  • Нов член
  • *
  • Posts: 14
Поздрав БорчеБТ!
Вака сега. Ја инсталирав програмата универзална продавница на Win7 и ја работам преку виртуелна машина. Селектирав се што требаше преку виртуелната машина да работи на COM1 ама немам никаква комуникација помеѓу фискалната и компјутерот. На фискалната ги направив сите подесувања што ги имаше во упатството. Направив кабел по шемата што ја имаш дадено, ама незнам да ја поврзам фискалната со COM портата ( физички ја поврзав ама имам некаква грешка некаде најверојатно во штелувањето). Лиценца добив од Трајковски.нет. Те молам за помош!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Мислам дека нема опција VMWare да се поврзува преку COM и LPT порти, мада не сум сигурен, ги немам разгледанбо новиве верзии, јас имам една постара (6.5) и знам дека препознава само plug-and-play devices како UBS devices на пример, за COM и LPT мислам дека не препознава, или треба рачно да се подеси, искрено не знам :S.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline kosturon

  • Нов член
  • *
  • Posts: 14
Види, дечково што ја дистрибуира програмава ми кажа дека некој го решил проблемот со виртуална машина, што значи дека преку WIN7 има опција да селектираш еден порт. Ја најдов и таа опција ама некако не можам да се снајдам.......

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Извини, ама за Win7 не можам да помогнам, да беше XP или 2003, можеби, ама од Win7 имам многу површни познавања (неколку реинсталации и инсталирање на програми :S).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Види, дечково што ја дистрибуира програмава ми кажа дека некој го решил проблемот со виртуална машина, што значи дека преку WIN7 има опција да селектираш еден порт. Ја најдов и таа опција ама некако не можам да се снајдам.......

А кој ја дистрибуира програмава нелегално?
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline kosturon

  • Нов член
  • *
  • Posts: 14
Никој не ја дистрибуира туку е дозволено да ја симнеш, па авторот ќе ти прати клуч. Извини ако не разбра од муабетов или за мојата недоискажаност.
Поздрав

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Има можност за мапирање на физичката COM порта на компјутерот со виртуелната COM порта на виртуелната Windows XP машина и работи добро - тестирано со VMWare.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Има можност за мапирање на физичката COM порта на компјутерот со виртуелната COM порта на виртуелната Windows XP машина и работи добро - тестирано со VMWare.

Да, ама проблемот бил со VMware и Win7 :S, под XP и Server 2003 и кај мене работи (пробав со понова верзија на VMWare), ама имало проблеми ако VMware е инсталиран на Win7 :S.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline kosturon

  • Нов член
  • *
  • Posts: 14
Дали знаете кој продава лиценца за WinXP Professional???

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Лиценца за ХР професионал не се продава,може да купиш хоме или  седмица. ( хоум едишн е околу 100 ЕУ)

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3059
  • Gender: Male
Дали знаете кој продава лиценца за WinXP Professional???
Лиценца за ХР професионал не се продава,може да купиш хоме или  седмица. ( хоум едишн е околу 100 ЕУ)
Да,ама мислам дека може да го најде и на нет,со све кракот или keygen-от :)
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Дали знаете кој продава лиценца за WinXP Professional???
Лиценца за ХР професионал не се продава,може да купиш хоме или  седмица. ( хоум едишн е околу 100 ЕУ)
Да,ама мислам дека може да го најде и на нет,со све кракот или keygen-от :)

Проблемот е тоа што ако си правно лице, мораш да имаш лиценциран софтвер, барем на опремата што си ја пријавил во фирмата, зашто ако дојде инспекција, следуваат казни... :S
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Мора да имаш соодветна налепница на кукиштето и доказ дека си го платил софтверот!

Offline IPCOM

  • Нов член
  • *
  • Posts: 1
Одг: Програма за продавници со поддршка за фискални апарати
« Reply #14 on 20.07.2011, Wednesday, 10:01:58 (Edited 20.07.2011, Wednesday, 10:27:44) »
Zdravo

Sakam da ja simnam programata meguta linkot ne raboti. Dali nekoj ja ima pa da ja prati da ja proveram sto kako ???

Пишувај кирилица - читај правила!