Како што може да се заклучи од насловот, овде ќе научите step by step како да направите било кој часовник на батерии да врти наназад. Ова е нашиот пациент за денес, обичен механизам за часовник кој може за цена од околу 50-60ден. да се купи по пазарите (јас ги купувам од Бит-Пазар, за тие што се од Скопје).
За да се отвори маханизмот, треба внимателно и истовремено да се откачат двете јазичиња од страна
Вака изгледа механизмот со изваден заден поклопец, пред да го извадите поклопецот свртете го целиот маханизам со стрелките надоле за да не испопаѓаат запчаниците. Нас не интересира калемот од десно
Внимателно извадете ги запчаниците (запамтете го редоследот) и плочката што го држи калемот
Извадете го магнетчето-запчаник
Сега треба јадрото од калемот да се сврти обратно, како што се гледа од сликите - левата страна треба да биде сега десна и обратно, десната страна сега е лева
Вака е оригиналната положба
А вака е новата положба на јадрото
После ова се враќате на своето место, го затварате механизмот и кога ќе ставите батерија, часовникот ќе врти во спротивна насока
. Еве идеја како може да изгледа готов часовник, дизајнот се прави на компјутер, се печати на самолеплива фолија и се лепи на некоја подлога, лесонит, шпер-плоча и сл.
Се надевам дека ова ќе ви се најде кога ќе ви затреба идеја за подарок!