Денес на бувљак начекав радио на лампи, модел RR555, како на сликата, за 300ден., го земав заради мрежното и излезното трафо ама излезе дека е исправно, освен што му беше изваден звучникот. Пред да го пуштам му го сменив главниот филтерски електролит 50+50uF и уште еден друг од 100uF и проработе без грешка. Сега ми е жал да го растурам и најверојатно ќе го користам како док за смарфон или МП3 плеер
Еве му ги џигерите, неколку саати си играв со него и си пуштав музика преку PC
.
Освен него, начекав и два ретро дигитрони, ганц нови со кожни футроли итн., ги земав за 50ден. пошто имаат ептен добри old-school VFD дисплеи, ама и тие ми е жал да ги растурам пошто се исправни. Исто начекав и еден самоделски петпојасен еквилајзер, го земав заради кутијата и капачињата за потенциометри за смешни пари
.