мој коментар е дека цените се барем 3-4 пати повисоки од порано, расипан DVD плееер 700 денари, добра цена е? Некаков расипан засилувач за домашно кино 1700 денари, добра цена е? Нокиа цигла 3310 300 денари, добра цена е? Ладилник за процесор 100 денари, добра цена е? Мој одговор е НЕ
Мое мислење е дека само почетните цени може да се повисоки (продавачите се обидуваат да продадат нешто што не вреди за поголеми пари и тоа некогаш им успева), целата работа се сведува на умешното ценкање. Сите овие цени што ги наведе, јас би ги симнал најмалку за половина
.
На крајот на краиштата самите ние како купувачи сме си виновни за поскапите почетни цени, затоа што сме спремни да ги дадеме тие пари, ако не е така ни продавачите нема да ги качуваат цените, нивно е да се обидат, а ти ако дадеш-дадеш ако не ќе ја спушти цена ако е расположен и готово.
Мојата најголема финта во ценкањето е едноставно се свртувам како да ќе си одам, и после два/три чекори 99% од нив викаат по мене да се вратам и да го земам производот по мојата понудена цена или ја спуштаат нивната цена дури и за 50%. Пробајте ќе видите