Јас имам направено сличен на првиов (каде што се допираат жиците со излезот на предавателот) и како вештачка антена користам 50 омски отпорник, но имам еден проблем а тоа е:
Кога ке го штеловам предавателот да даде максимум на стрелкичката и мислам дека сум го достигнал врвот од снагата која може да ја даде предавателот но на WAT метар кога проверив испадна дава 3 пати помала снага и пак со штеловање си ја даде целата снага. Значи испаѓа дека предавателите не емитуваат константна снага и на вештачка антена со отпорници и со вистинска антена.
Па ... тоа прво шемиче паралелно со отпорникот од 50 оми имаат некоја weird ass импеданса, па ти всушност ја штелуваш излезната импеданса на предавателот да се совпадне со ова чудо (што не е 50 оми!)
Кога ќе поврзеш watt meter (кој што има капацитивно или некогаш инфуктивно coupling на сигналот) кој ја мери моќноста што предавателот ја испорачува кон антената ќе измериш друга вредност затоа што сега потрошувачот (во првиот случај е 50ohm || чудото) е со различна вредност (дипол = 73.14 ohm на отворен воздух) и затоа повторно треба да го подесуваш излезниот степен за импедансите да се поклопат.
Најбитно за памтење е Zout == Zin за максимална пренесена моќност кога Zout, Zin се реални. Или Zout == *Zin кога се комплексни.