Истата шема со исти подтоци па ако разбирате српски читајте (можеби овие таму немаат поим од “статика и динамика“ )
http://fanzo.org/forum/viewtopic.php?f=27&t=11720
Цитати од темата на fanzo.org.
Kada sam vidio ovaj ispitivac optokaplera na slici pomislio sam da hoce Kinezi ponovo da nam uzmu pare za neke jednostavne stvari. To sto ovaj ispitivac radi, rade dva instrumenta.
Апсолутно неточно. Инструмент не може да менува напон/струја на влез на оптокаплерот.
Merio sam i ja pomoću dva instrumenta i dojadilo mi i ovo mi je palo na pamet. Ovde se pomoću potenciometra može videti da li može da vrši regulaciju.
Тоа е всушност динамички режим на проверка. Дали знае или не како се вика, па дури и како му е името (дали се вика динамички или „чкљ-мкљ“ режим на проверка/работа), не е ни важно. Важно е дека Stolle увидел дека ова е попрецизен начин за проверка на оптокаплер.
Nije mi se do sad desilo da me prevari, ali...uvek ima ali.
Апсолутно точно... на секоја метода за проверка, колку и да е добра, не може да и се верува 100%-но, дури и ако се во прашање ганц нови компоненти (колку пати ви се има случено да купите неисправна компонента од продавница
)... но, во зависност од тоа колку е добра, може да се даде некоја груба проценка за тоа колку може да сме сигурни дали е исправна компонентата која се тестира или не.
Нели кај смпс е баш пулс ?
Да, но во SMPS, оптокаплерот не пренесува импулси (иако може и тоа да пренесува, на пример, таков начин на работа на оптокаплерот се користи кај лемните станици на топол воздух, т.е. дувалки), се пренесува определен напон кој се „преведува“ како определена јачина на сјаење на LED диодата во оптокаплерот, а потоа опто-сензорот, оваа определена јачина на сјаење ја „преведува“ како определен напон на краевите на опто сензорот (односно, определен пад на напон) за да може потоа SMPS контролерот да изврши правилна корекција на бројот на импулси или соодносот импулс/пауза, за да пак може излезниот напон од SMPS-от да остане константен (да не падне). Оптокаплерот е потребен само ако имаме потреба од фиксен излезен напон на излезот од SMPS-от (како што имаат потреба најголемиот дел од дигиталните уреди) при различни јачини на излезната струја од напојувањето (да не падне излезниот напон при зголемена јачина на излезната струја). Ако нема таква потреба од фиксен излезен напон, нема потреба SMPS-от да има оптокаплер (или било каква компонента за feedback). SMPS контролерот се подесува да работи со определен број на импулси во секунда (KHz) и/или определен однос импулс/пауза и ќе си тера така без разлика што се случува на излезот.