Не е муабетот до тоа дали се евтини или не, апсолутно дека се. Прашањето е да се испита дали е исправен или не, дали е проблематичен тој (и тој) или не.
А и не секоаш имаме адекватен оптокаплер на располагање. Ако е во прашање PC817 или некој сличен, ОК, да, такви има колку сакаш и по фурда. Но ако е некој специфичен, ај иди најди во 3 сабале адекватен (јас често знам ноќе да работам, а не секогаш сакам да чекам до наредниот ден за да го поправам оној уред кој сум фатил да го работам).
Да не правам муабет што над 90% од деловите што ги користам (дали при самоградба, дали при сервисирање) ми се од фурда, така да, на крајот, пак морам да најдам начин како да ги проверам
.
@Toma: Верувам дека она што си го измерил е точно, но повторно, тоа не го менува фактот дека тестерот од кој ти имаше ставено шема, не го тестира оптокаплерот во динамички режим.
Но, ако тебе ти врши работа, со среќа да си го користиш
.