Yep...Гига, бидејќи си роден (претпоставувам) во Македонија и имаш учено во македонски училишта, се гледа дека многу лошо го знаеш српскиот јазик и посебно кога не ги познаваш и оние кои ги цитираш и каков е нивниот сленг, па според тоа доаѓаш до погрешни толкувања!
Мене не ми е јасно што не сум разбрал од она што е пишано на fanzo
... баш напротив, со секој твој цитат, ти баш потврди дека сосема добро сум разбрал што пишале tom, Stolle и buzdumra.
Оптокаплери најчесто се користат во два типа на кола (т.е. најчесто ги наоѓаме таму): SMPS-и, каде што баш линеарно се менува јачината на струјата низ LED диодата на оптокаплерот; и за тригерување на моќни полупроводнички компоненти (MOSFET, IGBT, тиристор, триак, итн.) во било кои уреди каде што треба да се одвои нисконапонска секција од високонапонска секција, каде што работат во прекинувачки режим (кој не мора да е периодичен). Првиот вид на употреба го емулира потенциометарот во колото што го post-ираше LordZi. Вториот тест, прекинувачкиот, се изведува многу лесно ако се додаде и прекинувач во колото (тоа јас го имам направено во мојот тестер), се стави потенциометарот во максимална позција (тест LED диодата свети со максимална јачина) и правиш ON/OFF на прекинувачот неколку пати (не мора 100, 200, 1000 пати, доволно е и неколку пати). Значи, само со додавање на прекинувачот, се покрива и тој тест.
Да бидеме искрени, сервисерите најчесто се соочуваат со уреди во кои оптокаплерот работи како feedback во некој SMPS, така да, се подразбира дека предност треба да се даде на тестот во динамички режим, а не во прекинувачки.
Да, еднонасочниот напон и струја во примерот не го одразуваат динамичниот режим, за тоа е потребен некој осцилатор!!! .
А каде е тој во шемата?!
Како што веќе пишав, ова е апсолутно погрешно ако оптокаплерот работел како повратна врска во SMPS. Динамички режим за оптокаплер во SMPS е непредвидливо континуирано променливо зголемување и намалување на I
f, што е токму она што го прави тестерот од првиот post. Ако веќе сакаш да го тестираш и прекинувачкиот режим, еден обичен прекинувач во колото ќе го емулира и тој мод на работа
, апсолутно нема потреба од осцилатор од две причини. Прво, било кое треперење со фреквенција од над 20, 25Hz е тешко забележливо за човечкото око, така да, LED диода како индикатор за исправност би била излишна, со што и се губи целата поента да се додава осцилатор во ваков тип на дизајн (можеби во некој дизан кој ќе мери и фреквенција со LED дисплеј, да, но кај ваков прост дизајн, нема поента). Второ, прекиувачките режими на работа може да бидат секакви, од многу спори и краткотрајни (пример, SMD дувалка), до многу брзи, но ако работи како што треба при споро прекинување (тест со ON/OFF прекинувач во колото), 99.9% ќе работи како што треба и во многу брз прекинувачки режим (од редот на KHz).
Yep... дефинитивно не знаел како функционира оптокаплер во SMPS .
Yep...Да, се гледа дека си единствениот кој знае!
Никаде не го пишав тоа. Претпоставка ми беше дека, како и повеќето сервисери (колку што знам, fanzo е форум за сервисери), го направил за да тестира оптокаплери од комерцијални уреди кои ќе му дојдат на сервис (јасно ни е дека скоро сите уреди кои ќе дојдат на сервис кај сервисер се комерцијални уреди), а во нив, јасно е дека, ако има оптокаплер, сигурно е во SMPS-от за напојување на уредот.