Да RTTY се работи преку уред наречен телепринтер ,кој има тастатура како писачка машина,користи кратенки и има свој * сленг*
Не можеш да седнеш и како на компјутер да куцаш
Има процедура за работа,повикување,поврзување ,бон-тон.,работа со пакети... Дометот е нешто помал од телеграфија,зошто да приме телепринтерот соодветен сигнал и да го дешифрира,потребен е одреден ниво на сигнал.Кај телеграфијата се примаат сигнали и под нивото на разбирливоста,скоро слиен со шумот.Мајстор за тоа беше чичко Перо,а богами и МОМЕ од Куманово!
Споено мислење: [time]21 Ноември 2010, 22:28:53[/time]
Има интересни модови на работа - пример преку метеорки трагови.Слушаш шум и за момент* се отвара * на 144 или 432 Мхз канал кога одреден сигнал се одбива од метеорскиот траг.Тоа трае 10-15-20 сек и за тоа време треба да размениш и разбереш одредени податоци со некоја станица пример во Нов Зеланд!!! А работиш со 5 вати!!!! Потоа чекаш додека повторно пропагацијата не се *отвори*!!! Може би ке седиш цела ноќ и ке направиш 5 комплетни врски,ама се над 1000-1500-2000 км!!! А кога ке стигне QSL -ка пр.од Индија,од Јапан,скокаш од радост... Е,тоа е убавината.Сум гледал 60- годичници плачеле од радост..
А сум учествувал во СКЕД-ови,потоа во вонредни ситуации во мрежа... Барав лекови за едно дете од Велес и за 24 часа добивме 16 кутии од разни краишта на светот.Ја спобудалевме и Поштата и Царината ....
Е ,тоа е убавината, мој млад дечко!