Значи здраво на сите јас сум Ивица имам 20 и нешто години, и набрзо ќе земам диплома од Технички факултет Битола, запишан сум на смерот Техничка Информатика. Иако сум од поодамна на форумов, еве сега решив да пишам во оваа тема. Инаку живеам во Прилеп.
Електрониката (и воопшто техниката) ме интересирала од мали нозе, но со електроника почнав да се занимавам поактивно на 13 - 14 години. Многу работи имам растурено, и многу помалку склопено
Значи ги сакам сите гранки на електрониката ама некако најповеќе ми лежи RF.
Некако магично е чувството кога ќе си слушнете гласот во радио применикот, зборувајќи во бубата...
Значи имам направено многу електронски склопови, од кои некој се подарени на роднини, пријатели и сл.
Исто така имам поправано се, од Беринџер миксети, до бришачи на 101... и тоа воглаваном за без пари...
Хмм, тоа е се....
Поздрав.