Author Topic: 2x100w засилувач со излезни транзистори 2SC 5200 - ПОМОШ  (Read 28360 times)

Offline daniel spasovski

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1330
  • Gender: Male
Kолега работеше најпрво , па го поврзав мостно и изгореа транзиторите и керамичките отпорници...
Сега ги заменив тие транзистори и отпорници ама пак едниот канал крчи а кај другиот многу брзо се топлат побудните драјвери  :-\ Ке мора у школо со професорот да го провериме или пак со вујко ми  >:(

Offline ShAdOw

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 879
  • Gender: Male
Чим ти загреваат толку брзо значи дека нешто не е како што треба и затоа земи унимерот и мери напопни кај транзисторите за да видиш да не им доаѓа поголем напон од дозволениот  ;).

Offline daniel spasovski

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1330
  • Gender: Male
Ама и да доаѓа колега од каде да знам што е проблемот  :-\

Offline ShAdOw

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 879
  • Gender: Male
Тој напон сигурно не доаѓа директно на транзисторот мора да минува и преку други елементи (отпорници, кондезатори, ...), што значи дека ако некој од овие елементи е изгорен и напонот нема да биде како што треба и затоа земи унимерот и мери и малце помачи се, а не од каде да знам што му е проблемот  :) ;).

Offline daniel spasovski

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1330
  • Gender: Male
Колеги ги проверував отпорниците дали има некој изгорено и сега кај еден отпорниктреба да покаже 100 килооми , тој покажува ама не одеднаш туку постепено од 30 килооми па до 105 килооми и ако продолжам да држам со унимерот неговата вредност се повеќе се накачува , тоа значи дека е изгорен ?
Значи ова ми се случува кај двата отпорници на истите места бидејќи ова  е стерео баш истите отпорници од 100 килооми на истото место ... :-\

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Дечко,не се мисли - смени го отпорникот.Верувам дека има и други елементи пробиено.Варијанта: одлеми се повторно и провери едно по едно,бидејки со секое ново вклучување можеш да имаш нови кварови!

Offline daniel spasovski

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1330
  • Gender: Male
Дечко,не се мисли - смени го отпорникот.Верувам дека има и други елементи пробиено.Варијанта: одлеми се повторно и провери едно по едно,бидејки со секое ново вклучување можеш да имаш нови кварови!
Океј Батка а смеам да ставам приближна вредност на отпорник доколку некој немам со точна вредност  ?

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Па можеш со толеранција 5%!

Offline daniel spasovski

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1330
  • Gender: Male
Колеги проверив се сите отпорници се исправни  сега за сега, ама сигурен сум дека е до некој кондензатор бидејќи сите отпорници се исправни ... Како да ги испитам кондензаториве со унимер сега вака на плоча залемени знае некој ... ?

Offline VLATKO*

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 545
испразсни ги првин,со кратко спојување и после мери отпорност,треба да има голема отпорност,ако отпорноста е 0 тогше  пробиен

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Колеги проверив се сите отпорници се исправни  сега за сега, ама сигурен сум дека е до некој кондензатор бидејќи сите отпорници се исправни ... Како да ги испитам кондензаториве со унимер сега вака на плоча залемени знае некој ... ?

Ако се залемени на плочка, можеш само да ги провериш дали се пробиени, мада и овој тест не е премногу точен, барем не со унимер :S. Како и да е, земи го унимерот, стви го на beeper (како да проверуваш диоди) и приклучи го на краевите на кондензаторот, само пази позитивниот извод од кондензаторот да е поврзан со црвената сонда од унимерот, а црната сонда со негативниот извод од кондензаторот (ова важи само за електролитските кондензатори, за блок кондензтаороти и керамичките не важи ова). Ако јави само еден краткотраен beep со времетраење од неколку милисекунди до кај пола секунда (во зависнот од тоа колкава капацитивност има кондензаторот), тоа би требало да значи дека кондензаторот е ОК. Ако константно свири цело време, значи дека е пробиен. Исто така ако засвирува од време на време додека се приклучени сондите и/или ако го мрднеш кондензаторот со прст, значи дека е полупробиен (значи и тој треба да се смени).

Некогаш крчење знае да се јави од суви/полусиви електролити, но освен со ESR метар, нема друг начин да провериш дали кондензаторот е сув или не :S. Најчесто, тие кондензатори кои се блиску до излезните транзистори се сушат први, поради топлината која ја генерираат излезните транзистори, па дел од таа топлина се пренесува и на кондензаторите, така да се сушат ;). Исто така може некој кондензатор да е полупробиен или побрзо да се исуши ако работи на напон близок до напонот на пробив, така да не е лошо да ги измериш напоните на сите електролитски кондензатори кои се дел од засилувачот и види дали некој од напоните е близок до напонот на пробив на кондензтаорот (на пример, напонот на краевите на кондензаторот е 15V, a пробивен напон на кондензаторот е 16V).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline daniel spasovski

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1330
  • Gender: Male
Колега мерам ама кај кондензаторите покажува некоја голема вредност 1500-1600-1800 што значи ова ?

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Колега мерам ама кај кондензаторите покажува некоја голема вредност 1500-1600-1800 што значи ова ?

На кое мерно подрачје мериш? Што мериш? Отпорност ???.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline daniel spasovski

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1330
  • Gender: Male
Готово колега ја најдов грешката  ;D Обратно сум ги ставил тип транзисторите  >:( :D Сега ке ги сменам и ке ви кажам како работи  ;)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Конечно!!!!!!!! >:( Ме отепа со постови и пораки,ама вредеше луѓе!!! ;D ;D ;D Го направи!!!! :D :D :D :D :D
Абе Даниел,правило еден : не брзај - читај шема!!!! :) Со далечинско тешко ние другиве да го поправиме.Без паника и брзање!!! :-\