Едниот канал ги засилува позитивните полупериоди од сигналот, другиот канал ги засилува негативните полупериоди од сигналот (не е баш вака, ама наједноставно е да се свати ако се објасни на овој начин), а целиот склоп се врзува на влезот на засилувачот. Кога ќе се каже мостна врска, не мисли на тоа дека едниот излез од едниот канал се надоврзува на влезот на другиот (иако има и такви комбинации, но многу ретки се, да не речам, скоро и ги нема, и не се нарекуваат мостна врска). Значи, еден операциски засилувач работи како неинвертирачки засилувач со засилување 1 (бафер) и само го рпепраќа сигналот кон едниот канал. Другиот операциски засилувач работи како инвертор и го препраќа сигналот кон другиот канал, но инвертиран (со сменета фаза за 180 степени). Е сега, едниот канал засилува „позитивно“, а другиот канал засилува „негативно“ (инветирано), односно другиот канал го засилува сигналот, но инвертиран, па напонот кој ќе се јави меѓу излезот (плусот) од едниот канал и излезот (плсуот) од другиот канал ќе биде два пати поголем (барем теоретски) одколку кога засилувачот би го засилувал истиот сигнал само на едниот канал (поради тоа реков, уште во првата реченица, дека не е баш исто како засилување на позитивни и негативни полупериоди од сигналот, но наједноставно ми беше да објаснам така, не ми текнуваше друг начин :S).