Честопати имаме брум во појачувачот кој иако сме го умасиле по сите прописи.Тешко е понекогаш да се најде,а уште потешко да се одстрани брумот.Освен оклопувањето,заземјување во една точка итн. ке се осврнам на една појава која е честа,посебно ако нашиот појачувач мораме да го шетаме на ралицни места и да го приклучуваме на различни извори на напојување.Проблем е што честопати во домовите и објектите се врши т.н.* нуловање* - односно нулата се врзува на заземјувањето на куќната инсталација.При тоа во системот се внесува брум,кој потекнува од повеќе извори.Оава шема е начин како да се избегне или макар намали брумот кој се внесува во аудио системот,а не потекнува од самиот уред,неговите модули,туку се внесува преку исправувачот.Грецот е идентичен на оној кој се употребува за исправување на напонот, и заедно со филтерот од отпор и кондензатор се вметнува меѓу масата на уредот и заземјувањето ,кое доаѓа преку кабелот за мрежен напон.Да напоменам дека неколкупати сум го употребил и кај стандардни фабрички уреди,кои јавиле брум,но секаде не бил успешен! Напоменувам дека сепак успехот е над 70% ,барем кај оние уреди кои јас сум ги умасил.