Author Topic: Раздвојување на заземјувањето и масата на појачувачот  (Read 2082 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Честопати имаме брум во појачувачот кој иако сме го умасиле по сите прописи.Тешко е понекогаш да се најде,а уште потешко да се одстрани брумот.Освен оклопувањето,заземјување во една точка итн. ке се осврнам на една појава која е честа,посебно ако нашиот појачувач мораме да го шетаме на ралицни места и да го приклучуваме на различни извори на напојување.Проблем е што честопати во домовите и објектите се врши т.н.* нуловање* - односно нулата се врзува на заземјувањето на куќната инсталација.При тоа во системот се внесува брум,кој потекнува од повеќе извори.Оава шема е начин како да се избегне или макар намали брумот кој се внесува во аудио системот,а не потекнува од самиот уред,неговите модули,туку се внесува преку исправувачот.Грецот е идентичен на оној кој се употребува за исправување на напонот, и заедно со филтерот од отпор и кондензатор се вметнува меѓу масата на уредот и заземјувањето ,кое доаѓа преку кабелот за мрежен напон.Да напоменам дека неколкупати сум го употребил и кај стандардни  фабрички уреди,кои јавиле брум,но секаде не бил успешен! Напоменувам дека сепак успехот е над 70% ,барем кај оние уреди кои јас сум ги умасил.

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3059
  • Gender: Male
Батка,а ќе можеш ли малце да ми ја под објасниш шемава како работи? ;D :)
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Најпросто кажано,работите се вакви:ако сакаме да не примаме брум преку мрежата 220 В во појачувачот,пожелно е да го додадеме овој склоп на исправувачот.Значи - шемата е од стандарден исправувач-+35В ,а му додаваме уште еден грец и филтер во паралела и го поставуваме помеѓу масата на уредот(исправувачот) и заземјувањето,кое се наоѓа на самиот кабел за 220 В! Значи,реков намалувањето или одстранувањето на шумот(брумот) кој потекнува од мрежниот степен е успешно во над 70% од случаите.

Jove

  • Guest
ете денеска кај еден другар не се умаси убаво пак брум  имаше  за повеке информации ке се зачлени и тој за брзо на форумов сеа ми писа на фејсбук

Offline ZareBt

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 441
  • Gender: Male
Вака.
Јас имам проблем исто со појачалото со STK465.
Пишав на форум во таа тема. Сеа морам да се обратам тука затоа што сакам да прашам како да направам умасување. Кутијата која ја планирам за појачалото е од дрво.
Кога ќе го приклучам појачалото тоа почнува да прави “ПУК ПУК’’.
И на тој начин ми горат звучниците.
Исто така нон-стоп се слуша брумот, односно ГРЧЕЊЕ.
Кога свири, послабо се слуша брумењето, ама ако ко паузирам свирењто брумот се слуша.
Слика
Code: [Select]
http://pic.mk/?v=pojachalo.jpg
еве. Можите да видите и да ми кажите зошто така неубочно ГРЧИ?!  :o
Најдобра струка--> ЕЛЕКТРО!

Offline mart11n

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 90
  • Gender: Male
  • What's up?
колку звучници изгоре ?

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
причини за грчењето може да се
1. влезен степен предпојачало или пак еквилајзер кој не се добро изведени
2. напојувањето не е добро исфилтрирано
3. неисправност на самото појачало, изгорен некој степен и внесува шум
4. самите звучници не ти чинат

е сега тоа пуцкањето се слуша само кога ќе го уклучиш или цело време ?
ако е само кога ќе го уклучиш се прае временски склоп кој после уклучвањето, после неколку секунди преку реле ќе го уклучи и звучникот, со што би се избегнало пуцкање

а да и грчењето може да ти иди и од кулерот, затоа кај појачалата се избегнуваат кулери и се ставаат масивни ладилници пошто тоа зуење најчесто доаѓа од ним
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Прво ,избегнувајте појачувач да ставате во дрвена кутија! Или ,ако веке сте ептен убедени ,предвидете барем лимана или алуминиумска субшасија во кутијата,на која може уредот да се умаси.Брумот може да потекнува од многу извори и доста мака понекогаш задава токму отклонувањето на брумот на некој НФ уред. Вака гледано,во твојот случај веројатно имаш проблем со интегралното кол,кое на излазот појавуваедносмерен напон или пулсирачки кој го дава она пук-пук! Опасно за звучници! ;D

Offline ZareBt

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 441
  • Gender: Male
Па да..На едниот излез мерев даваше 29,8В едносмерен.
Мартин звучниците ми се 3системски и само басот му е изгорен на 2та звучници.
Очигледно дека е изгорено е интегралното.
Брумот го имаше цело време. И кога свиреа звучниците и кога не свиреа(тогаш поќе се осеќаше).
Истиот брум беше и ко имаше кулер, и ко немаше.
Звучниците и онака беа слаби (8вати).
Како да го умасам во дрвена кутија?
Најдобра струка--> ЕЛЕКТРО!

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
како што пишав во другиот пост, а и батка како што пиша погоре, ти требА суб шасија односно кутијата да се обложи со метал одвнатре кој ќе биде заземјен. За умасувањето има во првиот пост.

Offline Delija

  • Баниран
  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 265
  • Gender: Male
  • Господ ја сака Македонија, а и ЈАС!!!
Одг: Раздвојување на заземјувањето и масата на појачувачот
« Reply #10 on 23.06.2011, Thursday, 05:21:36 (Edited 23.06.2011, Thursday, 09:11:48) »
Напојвањето долу со шема (дадено од батка) со заземјувањето и ППК ви е комплетно дадено во проектот "Гитарски засилувач" во Емитер!!
Ајде поздрав
Секогаш и секаде,...Најповеќе со електрониката!

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Напојвањето долу со шема (дадено од батка) со заземјувањето и ППК ви е комплетно дадено во проектот "Гитарски засилувач" во Емитер!!
Ајде поздрав

Да,го имаат прецртано од иста Web страница.Не е нивни изум,извини(како ни мој!)
Басот изгорел поради појава на едносметен напон,а високотонецот и евентуално среднотонецот имаат во колото кондензатор кој не пропушта едносмерен напон,па затоа не изгореле.Менувај го ИК!!

Offline ZareBt

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 441
  • Gender: Male
Фала за помошта на сите  ;D
Администација извинете за оф топико  8)..Морав да се заблагодарам  :D
Најдобра струка--> ЕЛЕКТРО!

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Кога ќе ја обложуваш субшасијата користи челичен лим подобро ги апсорбира магнетните полиња , алиумуниум не користи не го бива  а најдобро ти е бакар (но и најскапо ;D)

Offline ZareBt

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 441
  • Gender: Male
Кога ќе ја обложуваш субшасијата користи челичен лим подобро ги апсорбира магнетните полиња , алиумуниум не користи не го бива  а најдобро ти е бакар (но и најскапо ;D)

Дали можиш да ми кажиш со шо и како да ја обложам  ???
Ако има негде на форум кажи ми каде  :o
Најдобра струка--> ЕЛЕКТРО!