хе,хе, ова го најдов на "бувљак" за 20 ден., беше обичен саат со стрелки, на сликата не се гледа убаво ама горниот дел е топка, беше една несреќна портокалова боја со црни линии (за да личи на баскет), ама малце црн спреј го реши тоа
. Исто така федерот беше подолг, ама пошто во топката го напикав и трафото за напојување заради стабилност го скратив.
Кога сме веќе кај "бувљакот" или таканаречен "пазар за стари работи" , сите што се од Скопје секој вторник и петок можат да го посетат, се наоѓа на отворено под Кале и се исплати да се отиде, може за бадијала пари да се најдат супер работи, на пример досега имам начекано неколку тороиди од по 200-300W, трансформатори, автотрансформатор(variac) и тоа исправен за неверојатни 100ден.!!!, големи електролти (>20.000uF), разни (не)исправни појачала, токи-воки, радија, мал милион ситнурии, плочки, делови и што уште не.