Ако сте „махер за компјутери“, сигурно ви се случило ова барем еднаш.
....
Хахахаххахахаа... ова ми се дешаваше стално порано, ама во последно време почнав да ги откачувам така да сега ретко..
Споено мислење: 12.12.2011, Monday, 16:55:25
Сеа дур си средно, ај, и мене не ми пречеше, ама како ќе растеш, да видиш како се повеќе и повеќе ќе ти пречи. Луѓето најчесто немаат усул, ни да ти спомнат нешто „ај еве на нешто за трудот“, ништо, онака, како да си дошол на гости, а си им спасил едно 500, 600, 1000, 2000 денари. Тоа е тоа .
Затоа, совет за сите, не влегувајте во таа каша, а ако влезете, единствен начин да излезете од неа е да речете „да да, сега ќе дојдам да ѕирнам, само спреми 500 денари бидејќи на сите по 700 им наплаќам за отворање на компјутерот, ама еве дека сме комшии, како за тебе 500“, да видите како ќе престанат да ви доаѓаат за секоја ситница.
Не ме сваќајте погрешно, не дека не треба да им помагате на комшиите и пријателите, далеку од тоа, ама треба да си имате некоја мала селектирана група на вакви луѓе за кои знаете дека се фер и дека би ви помогнале назад со иста мера со која вие на нив сте им завршиле работа. Со други зборови, знаете дека ви го ценат трудот и дека секој занат си има марифет .
А, сигурно нема да ти дадат пари, .. Мене неколку пати ми понудиле, ама се им викам ај не треба,, Пошто ако им било за пари ќе си викнеле мајстор нели
Јас ги откачив, така што почнав да им викам „незнам ова нов програм не се разбирам..“ - што и беше вистина доклку имаа Windows 7 или Vista,.. а и се погоди такво време, се вработив, така да малку и самите видоа и престана да ме бараат...