Јас мислам дека се работи за должината на проводниците.
И јас така мислам, ама не можеме да бидеме сигурни освен ако не е пишано нели
.
Или да се разработат и двете сценарија, па да се даде одговор за едното и за другото сценарио
.
Е сега прашањето е дали електроните од плусот и минусот на батеријата ќе стигнат истовремено до светилката или ќе треба да свртат цел круг од плусот на батеријата, преку светилката, до минусот на батеријата?
Да да, во право си, ете видиш, не ми текна на прекинувачот, дека и тој игра улога
. Не е врзан двоен DPDT за плусот и минусот, па да се пуштаат електроните од плусот и минусот во исто време
.
По претпоставка (идеален случај) дека склопов постои од почеток на универзумот, па до ден денешен (t=0), значи електроните од плусот имале време да стигнат до позитивниот пол на светилката. Е сега, бидејќи светилка е влакно со некоја отпорност, ако не тече струја (прекинувачот е отворен), потенцијалот на едниот и на другиот крај на светилката треба да биде ист... што практично значи дека потенцијалот и по тие 1/2 + 1/2 светлосни години проводници од негативниот крај на светилката, би требало да биде ист со оној кој е на позитивниот крај од прекинувачот... значи практично, потенцијалната разлика се јавува на краевите од прекинувачот... се разбира и под услов проводниците да се идеални, што значи дека брзината на електроните низ нив е еднаква со брзината на светлината (нема отпорност).
Е сега, мое мислење е дека, без разлика што веќе има потенцијална разлика на краевите на прекинувачот, пак на крајот, кога прекинувачот ќе се затвори во t=0, тогаш почнува течењето на електроните во едната и во другата насока. Значи, да, електроните во проводниците имале веме од t=-inf до t=0 да се поларизираат, ама сепак, додека прекинувачот не се затвори, нема течење на струја.
Финтата е иста како со кинетичка и потенцијална енергија. Пред затворање на прекинувачот, имаме само потенцијална енергија, а по затворање на прекинувачот, таа потенцијална енергија се претвора во кинетичка, бидејќи само ако се затвори прекинувачот, само тогаш има течење на електрони низ проводниците.
Така да, останувам на мојата првична констатација, 2 години, под услов да се идеални проводниците
.
Друг проблем е должината на проводникот од 2 светлосни години. Една светлосна секунда е должина од триста илјади километри, а колку секунди има во една година?
Тоа е веќе практичен проблем
. Дај прво теоријата да ја развиеме, па после ќе мислиме на практичните апроксимации
.
Ако проводникот би бил направен од бакар, не постои толкава количина бакар на земјата за да се изработи толку долг проводник. Дури и да се изработи таков проводник, колкав би бил отпорот на таа должина? Светилката никогаш нема да светне.
Семантика, неважно
.
Се шегувам, се разбира
. Проблемот е теоретски, самото коло е... за 2-ро, 3-то одделение, целата финта е во должината на проводниците
.
Мада, пак ќе речам, не е додефинирана задачата, треба да се напомене дека проводниците се идеални и дека нивната должина е „толку и толку светлосни години“. Без таква дефиниција, џабе само шпекулираме, проводниците може да имаат и многу голем отпор, мал напречен пресек, па да настане прегревање, па да се прекине, па... ехеееее
.
Па не дај боже да пратиш сигнал некој по такви проводници
. Кој знае што ќе добиеш на другиот крај
... остатоци од шум од биг-бенгот
.