Не е проблемот во тоа што возат, што и да возат ке се однесуваат исто.
Пробкемот е во немањето возачка култура, непознавањето на правилата и прописите и нивно почитување, и непреземањето никаква одговорност.
Тоа е општ проблем, непознавањето на правилата и прописите за возење... и тоа не е само проблем со оние кои возат тротинети, туку општо, како што пиша, проблем на сите учесници во сообраќајот.
И овој проблем е особено изразен последниве децении, во периодот кога комисиите беа од самите авто-школи и кога се пуштаа кандидати за еден ручек во некоја кафана
.
Подобро да возат тротинети ако возат нешто поголемо ке направат масакар.
Па и тие не се баш лесни ако мислиш на тоа... ако те удри еден таков кој вози со 20, 25km/h, и те како може убаво да те ѕвизне.
Проблемот е што се мали и тенки и не се забележуваат лесно. Затоа и пишав да си купат „нормални“ електрични превозни средства, како што се електричните мотори, велосипеди, коли, итн. Тие транспортни уреди се поголеми и полесно се забележуваат. Но и посапи се... затоа и повеќето се одлучуваат за овие (опасни) играчки.
Не знам дали знаете, некои модели немаат ни кочници... гледам на поновиве ставаат, ама постарите (кога почнаа да стануваат „шема“, пред околу година или година и половина) немаат
.
Јас возам велосипед цел мој живот (откако научив да возам, генерално, тоа ми е моето превозно средство), па немам начекано некој до толку да се жали од возачите на велосипеди како од возачиве на тротинети. Да, и ние правиме прекршоци, не дека сме совршени, ама не знам како да опишам... правиш прекршок, ама со пресметан ризик... значи не го правиш, освен ако не си прилично сигурен дека најверојатно нема ништо лошо да се случи и на тебе, но и на другите учесници во сообраќајот (коли, други велосипеди, пешаци, итн.). Овие со тротинетиве, се сметаат себеси како да се пешаци, а не моторизирани учесници во сообраќајот
... јас барем така мислам дека се гледаат себеси, ценејќи по тоа како се однесуваат по тротоари и улици. Не си пешак, ако се движиш на било што што е моторизиран уред за транспорт, не си пешак.