Не, изгледа така, ама не
... имам едно фолдерче во кое чувам смешни слики што ги имам начекано ваму или таму (најчесто FB... искрено, јас не се ни логирам многу често, жена ми е нон стоп на FB
, а знае дека јас не се логирам често и ми праќа некои смешни слики на mail, па потоа јас си ги симнувам
) и вака, кога ќе ми текне, по некоја ставам на форумов
... онака, да се насмееме
. Не ставам по 10 или 15 во post бидејќи знам дека тогаш ќе ти здосади од гледање и дека на крај, ниедна нема да ти биде смешна
. Исто како да гледаш 20 епизоди по ред од некоја смешна серија... првите 2, 3 ти се смешни, потоа веќе, џабе гледаш, не ти е смешно. Затоа и гледам обично да има една до две во post, не и повеќе од тоа
... а и една до две дневно од еден корисник, мислам дека се повеќе од доволно
. Секој има различна смисла за хумор, што е смешно за некој, може да не е за друг, така да, добро да има диверзитет
... јас ќе ставам, ти ќе ставиш, некој друг ќе стави, секој по нешто, па и ќе научиме на кој што му е смешно
.