После малку Гуглање, еве што најдов и што заклучив.
Прво, има опција за bulk download на цели албуми, така да, тоа е не е проблем, може да си ги симнете и не мора да им плаќате 400 долари за да ги симнете. Јас си ги симнав
. Но ако ја симнете апликацијата за Android, добивате 8GB storage плус, бесплатно
. Хммм... можеби треба да се размисли за ова, примамливо.
Се разбира, се шалам
. После ваква глупост, нема шанси и да ми даваат 10TB со бесплатен авионски билет до Лас Вегас
.
Второ, од тоа што успеав да најдам, 90% од Американциве блогери со секакви глупости на блоговите (како да растеш маслинки во Аризона и останато
), ги ставаат сликите на Photobucket, што значи дека имате барем 1 милион user-и кои ќе платат 400 долари... не поради друго, само за да си ги симнат сликите бидејќи дел од нив се на оние другите поевтини payment options, така да, кај нив е бетер ситуацијата
. Они не можат ни да си ги видат сликите
. Треба да платат за да може да ги видат и да ги симнат, инаку, не им дава опција за download на албумите
. Во оваа група на paying customers не спаѓаат Кинезите што продаваат на ebay и се останато од Источна Европа (вклучуваќи не и нас, нема шанси, за 400 долари ќе платам некој Кинез, ќе изработи нова скрипта, ќе ги среди сите линкови со сликите и ќе ми даде терабајт hosting со unlimited bandwidth за 10 години
), така да, ќе се случат една од две работи.
Изгледа Photobucket банкротира и оди на се или ништо. Или ќе собере доволно пари за да се врати во живот и ќе ја смири целата ситуација, односно откако ќе собере доволно пари, ќе ја скине забраната и се ќе биде као демек „се премисливме, увидовме дека ова не е добро, бла бла“ и за оние кои платиле во овој период 400 долари ќе даде нешто плус за да ги привлече да продолжат да плаќаат
. 50% од нив ќе останат, 50% ќе си одат. Што да им правиш, Американци се, не им замерувајте... а гледајте и на светлата страна на работите, до пред 20 години 80% од нив ќе продолжеа да плаќаат.
Photobucket банкротира, ама нема да собере доволно пари за да опстане и ќе пропадне. Затоа, симнувајте си ги албумите. Ако некој има проблем, нека пише, ќе му објаснам како јас ги симнав
.
Според мене, шансите се 50/50. Најголемиот дел од нивните претплатници (оние кои плаќаат за нивниот сервис) и онака се или од Западна Европа или од Америка, така да, судејќи по нивните плати и тоа дека многу од нив се ставаат online, а не сакаат да го изгубат како податоци, од слики од свадби до слики од мачки и кучиња, има прилично големи шанси да се врати се во нормала
. Од друга страна, има огромен број на Источно Европјани и Кинези од ebay кои нема да платат. 400 долари е месечна плата тука. Во Кина... можеби и годишна. Ако за Американците е многу (а од тоа што читав online, многу е и повеќето од нив се бунат и не сакаат да платат... иако најголем дел од нив на крај ќе платат
), за нас е премногу.
Така да, препораката е следна. Симнете си ги албумите и почекајте месеци или два, да видиме што ќе се случи. Ако се излезе ОК, ако сакате префрлувајте слики на друг host, ако не, не мора (јас немам намера, што било, било, веќе еднаш го правев тоа со дебаклот со pic.mk, немам намера уште еднаш). Ако по некое време воопшто не ги јавува сликите и кога ќе пишете photobucket.com јавува 404... што можете или тоа што сметате дека е важно, префрлете на друг host. Што не можете (или не сакате... никој не ве присилува се разбира), ќе си остане текст без слика.