abe taa plocka od kompjuterot nee najstara ama mislam deka e 579 od 1764 ke snimam memorija so kolca od uste postar pa ke vi stavam da videte, rabotilnicata e super se dodeka mozes doa stiges do nekoe mesto,
Ај стварно стави слики од некоја постара меморија или дел од компјутер. А искрено, не знаев од што компјутер е плочата, ја начекав на отпад заедно со уште 20 такви плочи и го прашав човекот од отпадот дали може да си ги змемам, ми рече ОК, и си ги собрав. Инаку на цела плочка се NAND порти
.
А што компјутер е тоа 579? Не сум чул за него, да не е од оние со rail напојувања? А за стари мемории, имам видено, ама со кондензатори, не знам какви се тие со колца
.
Имам еднаш видено слика од напречен пресек на процесор од не знам која година пред нашата ера (хахахаха
, се зезам, најверојатно беше некаде од '60-тите или така нешто). Битно беше дека целиот процесор беше во форма на цилиндер со радијално поставни плочки (ППК) во неговата внатрешност, од центарот кон крајот на цилинарот. И баш ме интересираше зошто баш така се поставни плочките кои ги содржат компонентите на процесорот. Па прашав еден професор кај мене на факултет зашто е тоа така и ми рече заради две причини. Првата е бидејќи требало водовите меѓу сите плочки да бидат што е можно пократки за да нема загуби во сигналот, па се покажало дека радијална конфигурација на плочките ќе даде најдобри резултати. Ај што морало да ги потавуваат радијално, него згора на тоа морало да се пази и на електромагнетните пречки што можеле да се венсат во водовите, па сите врски меѓу плочките што поминувале една до друга или една покрај друга се гледало да се ставаат под прав агол а не паралелно за да се намалат електромагнетните интерефернции на сигналите од еден вод и друг вод (хахахаха
, за денешно време смешно, ама тогаш немале друг избор зашто процесорот бил со големина на една канализациона цевка, хахахахаа
). Втората причина била дека требало да се лади процесорот на некаков начин, па морало да се смисли некаква конфигурација каде најефикасно ќе може да се ладат интегрираните кола (тогаш се било изведен во TTL, па поради тоа имало многу голема диспација на топлина... а ние сега се грижиме ако ни е жешко во собата каде што ни е PC-то во летно време, хахахаха
). И онака биле радијално поставени плочките, па само ја обвиле целата конфигурација со цилиндар и поставиле турбина што дува воздух на едниот крај и турбина што црпи воздух на другиот крај за да може полесно да се ладат интегрираните кола
.