Author Topic: Смешни слики  (Read 615134 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Смешни слики
« Reply #3105 on 20.11.2021, Saturday, 23:17:57 »
Пааа... не е баш така... се јавуваат лагови во сигнали (доцнења). Не се воведуваат за џабе delay lines во аудио/видео сихнронизација во телевизија. Да, игра улога и процесирањето на сигналот, и тоа воведува доцнење, ама има реални примери при кои се докажува дека има реално доцнење на сигнали на огромни растојанија.

Единствено што не ми е јасно е зошто таков delay не се јавува во телефонија ???. На пример, еве да земеме било кој free chat/online сервис за видео/аудио комуникација (Skype, Viber...). Кај сите се јавува лаг/delay („еј, алоо, ме слушаш“... <тишина едно 2, 3 секунди>... „еее, да, да, супер, те слушам :)“). Ама ако земам класичен телефон и вртам за Америка од Македонија, нема таков delay... сеуште не ми е јасно зошто се јавува кај едното, а не кај другото :D... а во денешно време и класична телефонија користи TCP/IP stack, па не се јавува тоа :D. Практично, сите протоколи во денешно време се базирани на TCP/IP, арно ама ете, кај класична телефонија го нема тој ефект, а во било кој друг сервис, го има :D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Смешни слики
« Reply #3106 on 21.11.2021, Sunday, 01:28:04 »
Quote
Пааа... не е баш така... се јавуваат лагови во сигнали (доцнења). Не се воведуваат за џабе delay lines во аудио/видео сихнронизација во телевизија. Да, игра улога и процесирањето на сигналот, и тоа воведува доцнење, ама има реални примери при кои се докажува дека има реално доцнење на сигнали на огромни растојанија.
Прво имаш конекцицка врска и без конекциска, односно едната е пакетна а другата ти е на преклопници и си фактички директно повзан со бакар, а другава ти  е со сателит односно бесжична, мада можни се комбинации, ама да ги поедноставиме работиве, ќе земиме една врска со жица, друга бесжична. Кај жианава дадов мое разбирање на работиве, додуша гледав едно типче на yt кое не ми стоеше баш сигурно во себе ( и на крај од серијалот ќе го спржи проектот но...) се поклопи со моето мислење. Е сега кај без жичнава, знали преносот се врѓи преку бран, а бранот се создава со мрдање на некој електрон ( на повеќе, ама да не го тупам сеа...) Значи еве земаме еден електрон и го шетаме произволно. тој околу себе создава поле, до себе нај јако па како се оддалечува просторот од него квадратно опаѓа. Е сега, на пример електронот ни е тачно пред нос на пример, и го померуваме веднаш пред палецот од левата нога, а стоиме исправени. Знали, пред нос ни било нај јако полето, а сега треба да биде пред палецот на ногата, знали како го померуваме електронот така полето го следи него, односно просторот се модифицира така што електрицитетот го следи изворот т.е. електронот ( може и протон секако). И така ни настанал бран со кој комуницираме. Е сега, дали можеме да му избегаме на полето ? Па секако дека да, но имаме едно мало проблемче, полето не следи со С, а ние не мојме да го мрдаме електронот со поголема брзина од С, и затоа брзината на тие бранови е С ( секако во зависност од средината). И на пример ја и ти ако сме се дог. да комуницираме ти да мрдаш електрон, ја вамо да мера поле, секогаш ќе имаме закаснување од С/патот ( масовно). Во жицата не знам дали електронот физички ќе го потурне друзиот електрон, или пак треба да воспостави поле на новата позиција, и врз основа на взаемно дејство да влијае на полето од соседниот електрон ( итн и тн) и по тој пронцип да се помери соседниот електрон, што значи пак сме зависни од бранот, мада  физички да го бапне нема логика, оти еве за 1-2-5в електроните се двишат екстремно споро ( па мислам дека беше неколку мм на саат), и уствари ќе треба да чекаме со денови да светне сијалица дури во бактериска лампа кај што жиците се само неколку цм. Фактички, преносот е пак „брсжичан“.

Инаку, на колото е представена дистанца, нема смисла да прајме муабет за време, прво ради што единицата е за дистанца, второ ако е време, даден е одговорот и трето, по размислувањто на јане, да спрегата од погоре е воспоставена, оти прекидачот Ѕ ни е и кондензатор, па имаме на едниот крај нагомилано електрони кои што чекаат да „скокнат“ на друзиот крај и цел проводник сосе сијалица веќе е наелектризиран, под дејство на некое поле, односно во електро статичен баланс, кој ќе го нарушиме веднаш чим го приклучиме прекидачот.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Смешни слики
« Reply #3107 on 21.11.2021, Sunday, 01:58:36 »
...( може и протон секако)...

Мммм.. не, не може. Споредуваш честичка со тежина и која е, во секоја нормална улога (не-рацијациона), честичка која е дел од јадро на атом, со честичка која е... практично, дискутабилна. Кога им чини на физичариве, се интерпретира како чесичка, кога им чини, како бран, кога им чини, како двете. Практично е чиста енергија и ништо повеќе од тоа, нема маса (има, ама... ај, и ова е дискутабилно), за разлика од протонот. Е сега, да, според Ајнштајн, и електронот има маса (мора да има, поради еквиваленцијата меѓу маса и енегрија), нооо... и ова е доста дискутабилно.

Кратко кажано, има огромна разлика меѓу електрон и протон во физичка симсла. Тоа што носат исто полнење, но со различен поларитет, тоа е сосема друга дискусија.

Инаку, на колото е представена дистанца, нема смисла да прајме муабет за време...

Не е ЕГЗАКТНО дефинирано, само тоа ми е дилемата. Инаку, да, се сложивам дека најмногу личи како да е дифинирана должина на проводник, а не дистанца ;).

Сега баш нешто размислував околу побуди на електрони едни со други... дури и ако на краевите од прекинувачот (големиот конднезатор :D) има „натрупано“ електрони, од моментот кога ќе се затвори прекинувачот, до моментот кога ќе стигне побудата, пак треба да поминат 2 години.

Значи, стојам зад тоа, 2 години додека засвети светилката, од моментот на затворање на прекинувачот и под услов каблите да се идеални проводници.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Смешни слики
« Reply #3108 on 21.11.2021, Sunday, 14:14:06 »
Зошто да не може протон, ќе биде јон на водород, односно атом на кој сме му дале доволно енергија на неговиот електрон и одлетал. Секако, може и друг јонизиран атом, и такбиот атом околу себе ќе висппстави поле, и ќе може да го шетаме и да електризираме, позитивно овај пат.

Зошто 2 год ? Еве, земи црево полно 2 светлпсни годи, наполни со со вода ( ова е тоа што велош дека колото постои од почетак на универзумот), и сега крајот е пак кај тебе, за да видиш што се случува, значи нашево црево има коефициент за еластичност 0, и течноста внатре нема компресибилност и пушташ течност на едниот крај, кога ќе протече на другиот крај ?
Или еве вака, на 1С.Г. од тебе имаш кука на која ќе запниш јаже на пола, и едниот крај ти е во една рака, другиот во друга, и тргаш со едната рака, кога ќе осетиш на другата дека си повлекол ?

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Смешни слики
« Reply #3109 on 22.11.2021, Monday, 13:23:56 »
Зошто да не може протон, ќе биде јон на водород, односно атом на кој сме му дале доволно енергија на неговиот електрон и одлетал. Секако, може и друг јонизиран атом, и такбиот атом околу себе ќе висппстави поле, и ќе може да го шетаме и да електризираме, позитивно овај пат.

Сакав да кажам, не можеш да еквивалентираш честичка со тежина, како протон, со честичка без тежина, како електрон (добро... има тежина, ама е далеку од тежината на протонот). Со електрон +/- не можеш да дефинираш елемент, со протон, нормално, да ;).

Зошто 2 год ? Еве, земи црево полно 2 светлпсни годи, наполни со со вода ( ова е тоа што велош дека колото постои од почетак на универзумот), и сега крајот е пак кај тебе, за да видиш што се случува, значи нашево црево има коефициент за еластичност 0, и течноста внатре нема компресибилност и пушташ течност на едниот крај, кога ќе протече на другиот крај ?

Пак на крајот треба време за да се пренесе притисокот од едниот крај на цревото, до другиот. Не се пренесува тоа инстантно, секоја течност има своја компресибилност, па и водата. А и да немаше, може да се интерпретира притисокот на едниот крај од цревото како бран. Треба време за бранот да стигне од едниот крај до друиот, не оди тоа инстантно... барем така мислам.

Истото важи и кај електричната енергија, т.е. кај електроните, треба време за да се екситираат електроните од едниот крај, за да се појави течење на струја на другиот крај, особено на вакви големи должини. Да, тоа ние го гледаме како инстантно, ама на кратки ратстојанија, не и на големи.

Или еве вака, на 1С.Г. од тебе имаш кука на која ќе запниш јаже на пола, и едниот крај ти е во една рака, другиот во друга, и тргаш со едната рака, кога ќе осетиш на другата дека си повлекол ?

Не сум сигурен, ама мислам дека важи истиот принцип... компресибилност/еластичност. Пак на крајот тоа влијае... не може инстантно ништо да се пренесе, па и затегнувањето. На кратки растојанија, изгледа како да е инстантно (моментално), ама на големи, не, мислам дека не е така.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Смешни слики
« Reply #3110 on 22.11.2021, Monday, 17:21:53 »
Quote
Сакав да кажам, не можеш да еквивалентираш честичка со тежина, како протон, со честичка без тежина, како електрон (добро... има тежина, ама е далеку од тежината на протонот). Со електрон +/- не можеш да дефинираш елемент, со протон, нормално, да ;).
Нас ни беше битен полнежот, другите параметри не. Инаку да, различни се.
Quote
Пак на крајот треба време за да се пренесе притисокот од едниот крај на цревото, до другиот. Не се пренесува тоа инстантно, секоја течност има своја компресибилност, па и водата. А и да немаше, може да се интерпретира притисокот на едниот крај од цревото како бран. Треба време за бранот да стигне од едниот крај до друиот, не оди тоа инстантно... барем така мислам.
Да, затоа ртеков нешто што не се компресира, или да земиме дека водата не се компресира. Истото треба да важи и за јужето. Инаку бранот би требало да се пренесува поспоро и од С, оти не си во вакуум, него си низ јажето...

Во пракса не знам ни јас што ќе се деси, пошто не мојме да најме 100% крути материјали т..е нееластични.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Смешни слики
« Reply #3111 on 23.11.2021, Tuesday, 01:44:23 »
Јас пак викам дека е 2 светлосни години решението :P :D. Секој со својата логика ;D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Смешни слики
« Reply #3112 on 23.11.2021, Tuesday, 14:06:56 »
Епа да, ама само едно е точно :) .

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Re: Смешни слики
« Reply #3113 on 24.11.2021, Wednesday, 20:19:15 »
На почетокот од видеото го има истото прашање, има и одговор.
Сепак се ВРТИ !!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Смешни слики
« Reply #3114 on 25.11.2021, Thursday, 08:47:41 »
Да, ама не навлегува во тоа зошто одговорот е во единица мерка m/s (брзина), а не во време (секунди).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Смешни слики
« Reply #3115 on 25.11.2021, Thursday, 18:04:51 »
Кој е одговорот ?

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Смешни слики
« Reply #3116 on 26.11.2021, Friday, 09:17:46 »
1/c, ама зависи колкаво е растојанието меѓу сијалицата и батеријата. Ако е 1m, 1/c е решението, ако е 2m, 2/c е.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Смешни слики
« Reply #3117 on 28.11.2021, Sunday, 00:46:43 »
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Re: Смешни слики
« Reply #3118 on 28.11.2021, Sunday, 11:20:57 »
хаха да :)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Смешни слики
« Reply #3119 on 28.11.2021, Sunday, 12:40:43 »